ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски на Регионална средба на мрежата на експерти за огнено оружје во југоисточна Европа – СИФЕН

November 1, 2022 10:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска се обрати на 17. Регионална средба на мрежата на експерти за огнено оружје во југоисточна Европа – СИФЕН.

Во обраќањето министерот Спасовски се заблагодарил за поддршката што Европската Унија ја дава на Агенцијата за контрола на мало и  лесно оружје во југоисточна и источна Европа- СИСАК (SEESAC) во делот на  активностите за разоружување и контрола на оружјето што од 2013 година во континуитет ја помага мрежата SEEFEN да ги реализира овие значајни средби низ целиот регион.

– Уверен сум дека состаноците на SEEFEN поттикнуваат не само продлабочување на регионалната соработка во развојот на вештини и координација во борбата против недозволена трговија и нелегално поседување огнено оружје, туку и посилна соработка со Европската Унија, нејзините земји-членки и специјализираните агенции на Европската Унија, како и клучните меѓународни актери во областа кои се редовни учесници на настанот, истакнал министерот Спасовски, соопштија од МВР.

Тој додал дека сите присутни на конференцијата, особено високите полициски истражители, балистичките експерти, претставниците на граничната полиција, обвинителите и царинските службеници од целиот регион тежнеат кон истакнување на добрите пракси, размена на знаење од научените лекции, споделување информации за новиот модус операнди и патот напред како директен придонес кон спроведувањето на Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и нивна муниција во Западен Балкан.

Истакнувајќи ја важноста на глобалните и национални активности, здружени со добро координираната национална и регионална соработка на сите агенции за спроведување на законот, министерот Спасовски информирал дека Република Северна Македонија во изминатите години активно работеше на спроведување на активности во процесот на воспоставување на систем на сеопфатна контрола на оружјето, согласно целите утврдени во Националната стратегија за мало и лесно оружје и Акцискиот план.

– Во рамките на спроведување на целите од Патоказот, Националната комисија за мало и лесно оружје, односно Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции активно работат на усогласување на законската регулатива од областа на мало и лесно оружје и експлозивни материи со европската регулатива. Активно се работи и на спроведување на сите планирани активности во насока на остварување на поголеми резултати во подигнувањето на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје, спречување на трговијата со оружје, како и воспоставување ефикасни системи за размена на информации, рекол министерот Спасовски.

Борбата против недозволената трговија со оружје, нагласил Спасовски, е издигната на ниво на стратешки приоритет на Министерството за внатрешни работи и како резултат на плански и насочено-интензивирани активности во областа, постигнати се значајни резултати за што доказ се зголемениот број на откриени кривични дела и зголемување на вкупните количини на заплени со оружје, муниција и распрскувачки материи. Позитивни резултати, навел министерот за внатрешни работи Спасовски, се постигнати и во делот на сузбивањето на организираните облици кои се поврзани со недозволената трговија со оружје.

Next Post

Токио почна да издава потврди за истополови партнерства

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk