ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници

November 2, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети  во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија.

-Како Влада и Министерство за економија сите одлуки ги носиме повикувајќи се на конкретни анализи и податоци од сите релевантни институции кои се вградуваат во делот на Економскиот совет. Доколку Владата треба да ги поддржи овие компании со околу 100 евра за мегават час значи дека сите трошоци нема да надминат 3,5 милиони евра, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј.

Просечната потрошувачка на основните и средните училишта, како што прецизира, од 1 декември до крајот на април изнесува околу 10,7 гигават часови или 10.700 мегават часови електрична енергија поради што фискалните импликации не би требало да бидат повисоки од 2 милиони евра.

-Кај јавните водоводни претпријатија потрошувачката од 1 декември до крајот на април е околу 30 гигават часови електрична енергија што значи дека се потребни од 3 до 3,5 милиони евра за нивно покривање, рече Бектеши и нагласи дека повеќе општини веќе почнаа да доставуваат барања за зголемување на цената на водата за пиење што ја нудат за потребите на граѓаните.

Ние, потенцира, тоа нема да го дозволиме и како Влада целосно ќе ја покриеме разликата во делот на зголемените трошоци за електрична енергија кои ги имаат јавните комунални претпријатија во делот на водоснабдувањето.

-Сепак, нема да дозволиме злоупотреба на Законот за енергетика и на правилата во делот на енергетскиот систем како што прават одредени општини со јавното осветлување со префрлање од слободен на регулиран пазар. Со новата одлука тие не траба да бидат прифатени од ЕВН дистрибуција како такви. Со тоа ќе се ослободи просторот што моментално го покрива ЕСМ, а истото важи и за одредени банки, казина, приватни средни и основни училишта и некои други компании, посочи Бектеши.

Нагласи дека веќе е донесена одлука од 1 декември тие да бидат вратени на слободен пазар, а оние што навистина имаат потреба ќе бидат поддржани од Владата преку ЕСМ за што веќе се обезбедени средства, а има и грант од Европската комисија во вредност од 80 милиони евра кои кон крајот на јануари се очекува да легнат во Буџетот.

Next Post

(ГАЛЕРИЈА) Од Балкан до Берлин, Ковачевски со евтин комерцијален лет

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk