ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворен Балкан: Договорот за балкански пазар на труд ги чека нашите пратеници

November 2, 2022 10:33
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште не е поминат последниот чекор до конечниот старт на единствениот пазар на труд во рамките на Отворен Балкан, односно се чека неговата ратификација во Собранието на РСМ. Парламентарните комисии за надворешна политика и законодавно-правната ја завршија работата и Договорот сега треба да помине и на пленарна седница. Србија и Албанија ја завршија работата, а по ова следува потпишувањето на техничките протоколи како основа за функционирање на единствениот пазар на труд во трите земји. Македонската опозиција се изјасни дека не им е јасна целта на Отворен Балкан, а од Владата пред еден месец ги повикаа пратениците да ја забрзаат расправата за овие протоколи и договори

Националниот координатор за Отворен Балкан и регионална соработка, Марјан Забрчанец, неодамна порача дека ратификацијата на договорите за слободен пристап на трудот и за идентификацискиот број на граѓаните на Отворен Балкан мора да се заврши во Собранието за да може да почне слободното ангажирање работна сила во која било од трите држави без дозвола. Според Договорот потпишан лани во Тирана, земјите треба да ги поедностават административните процедури за влез, движење, престој и работа на граѓаните на земјите потписнички. А ним ќе им се гарантира дека сите ќе имаат еднаков пристап на работа, без разлика од која земја од потписничките доаѓаат. Лицето што ќе сака да работи во една од државите од трите држави нема да мора да добие работна дозвола и дозвола за престој во земјата што го прима.

Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија, за Политика рс. рече дека вработувањето на државјаните на Албанија и на Северна Македонија, ќе биде идентично како и за српските државјани и за нив нема да важат одредбите од Законот за вработување странци.

– Бидејќи сè уште не се потпишани техничките протоколи што овозможуваат спроведување на процедурите во сите три земји, таа електронска услуга сè уште не е достапна, но нејзината примена е технички подготвена – нагласил Ѓурѓевиќ.

Димитров: Не се плашиме, како што ќе има одлив, ќе има и прилив на работници

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи за „Слободен печат“ е дециден дека работодавачите не се плашат од иницијативата за слободен пазар на труд на Отворен Балкан, со забелешка дека како што ќе има одлив, така ќе има и прилив на работници.

– Економската поврзаност е одлична можност, а речиси сите земји во регионот се во слична економска ситуација, особено кога станува збор за работната сила. Државите имаат интерес, бидејќи се соочени со селење на работниците во другите европски земји. На сите ни недостигаат одредени профили, па дури и кога се работи за оние сезонските ангажмани. Така што, како што некој ќе сака да замине од кај нас, така некој друг ќе сака да дојде да работи – констатира Димитров

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА 

Next Post

Маск најави месечна претплата за користење Твитер

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk