ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Брегу: Трите договори потпишани во Берлин допираат до оние кои се наменети – тоа се граѓаните

November 3, 2022 14:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на влади на шесте економии на Западен Балкан потпишаа три договори за мобилност во рамки на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, и тие ќе допрат до оние до кои се наменети, а тоа се нашите граѓани, рече генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу на Самитот на Берлинскиот процес, што се одржува на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

„Иако беа отпишани како речиси невозможни, по тешки и комплицирани две години, три главни договори за мобилност што ги координираше Советот за регионална соработка, конечно го здогледаа светлото на денот. Денес тие допираат до оние до кои се наменети, а тоа се нашите граѓани. Слично на широко распространетото влијание на регионалниот договор за намалување на цените на роамингот и на зелените коридори, нивното влијание на терен ќе биде директно и конкретно. Тоа придонесува за рамномерна изградба на мостови што се и натаму потребни во нашиот регион, како и мостови со ЕУ“ рече Брегу.

Германскиот канцелар Олаф Шолц се заблагодари на Советот за регионална соработка на одлично завршената работа во изминатите две години на олеснување на склучувањето три договори за мобилност и повика на забрзување на регионалната соработка и процесот на европска интеграција.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен рече дека ова е исчекор кон интеграција во заедничкиот регионален пазар, бидејќи на луѓето им се дава можност да ги прошират искуствата и да го даваат она најдоброто на регионот.

Учесниците на Берлинскиот процес ја потврдија клучната улога на овој процес како придвижувач на регионалната соработка со која се забрзува процесот на интеграција со ЕУ и ги поздравија напорите што Западен Балкан ги вложи во спроведување на заедничкиот регионален пазар.

Учесниците на Самитот ја нагласија желбата за продолжување на Берлинскиот процес со цел да се искористи целосниот потенцијал за подобрување и инклузивна регионална соработка и се согласија следниот самит во рамки на Берлинскиот процес да се одржи во 2023 година во Албанија.

Next Post

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини, Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 славни мајки и ќерки кои го делат холивудскиот сјај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk