ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП: Ја зголемивме висината на правото на посебен додаток за 15% за сите подвидови на корисници

November 3, 2022 15:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија пратениците ги изгласаа измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита.

Со Законот за заштита на децата се уредува правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее самостојно со него до навршени 26 години. Соочувајќи се со покачувањето на трошоците за живот Министерството за труд и социјална политика ги предложи измените на Законот за детска заштита. Со нив се предвидува зголемување на висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници со цел подобрување на финансиската состојба на корисниците на правото на посебен додаток.

На седницата беа изгласани и измените на Законот за социјална заштита. Целта на измените е да се овозможи родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст. Исто така се предвидува во корисниците на лична асистенција да бидат опфатени и лица со комбинирана попреченост.

Согласно донесените измени се намалува возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година  се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 год. за жени и од 64 на 62 год. за мажи.

Додека во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 18 до 65 годишна возраст се вклучуваат и лицата со комбинирани пречки.

 

Next Post

Собранието ги донесе законите за судска,за јавнообвинителската дејност и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk