ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Наредната година 350 до 400 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во земјава

November 3, 2022 11:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За наредната 2023 година имаме најголем буџет за патна инфраструктура и нашите очекувања се дека заедно со ЈП за државни патишта ќе инвестираме помеѓу 350 и 400 милиони евра што ќе биде историски највисоко ниво за изградба и реконструкција на патна инфраструктура, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на отворањето на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“ во организација на Друштвото за патишта.

„Владата преку Министерството за транспорт и врски и јавните претпријатија за патишта, силно е посветена во реализација на националната транспортна стратегија која опфаќа изградба и модернизација на патната мрежа низ земјата. Нашите политики имаат јасна цел, а тоа е создавање на квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и забрзан економски раст и развој на државата. Во текот на изминатите неколку години инвестиравме над една милијарда евра за изградба и реконструкција на преку 1.300 километри патна мрежа, со што дадовме силен инпут во создавање на нова патна мрежа и позиционирање на државата на главната Паневропска мрежа на коридори“ рече Бочварски.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека добрата инфраструктура е еден од основните предуслови за развој на една држава.

„Оваа состојба која е веќе 30 години мора да ја менуваме. Проектирањето и изградбата на нашите патишта изгледа дека е ахилова пета. Доброто проектирање ќе ја олесни нивната реализација, а соодветното и реално планирање ќе овозможи да не се соочуваме со проблеми како сегашните“ рече Битиќи.

Посочи дека сега е вистинско време да се смени пристапот и да се применат најдобрите практики од развиените земји за да не се соочуваме со проблеми како досега при реализацијата на патиштата.

„Дојдено е време наместо да зборуваме за вредност на проекти, да зборуваме за нивниот квалитет“ потенцира Битиќи.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека 55 години постоење на Друштвото за патишта е јубилеј достоен за почит и додаде дека Јавното претпријатие за државни патишта е еден од основачите на Друштвото, со кое, како што рече, цели 55 години наназад делат исти цели и задачи. Верувам, додаде, дека и натаму ќе продолжиме со плодна соработка, но и ќе пронаоѓаме начини за надминување на проблемите коишто неминовно се појавуваат кога се реализираат крупни проекти.

„Поголемата соработка во сите фази на изработка на проектите е од особено значење за навремено надминување на секоја пречка. Кога работиме, тогаш и грешиме, но кога ќе се обидеме да изнајдеме решение и да ги надминеме грешките тоа значи вистинска посветеност. Ние како институција која сме задолжени за изградба, реконструкција, рехабилитација и управување со патиштата, се соочуваме често и со проблемот во косините кој ни се појавува во проектите и изградбата на патиштата. Па токму затоа на овој настан  сакам да го потенцирам проблемот во изработка на проектна документација во делот на косините кој се јавува при реализација на проектите. Сметам дека во иднина е потребно сите учесници при изработка на проектните документации максимално да се посветат со цел да постигне повисоко ниво на квалитет на проектната документација, особено во делот на проектирање на косини“ рече Рустеми.

Ценам, додаде, дека ваквите собири се вистинска можност стручната фела да  размени искуства со цел да  ги надминеме проблемите кои што се појавуваат во текот на реализација на проектите.

 

Next Post

Ковачевски од Берлин: Заедничкиот регионален пазар ја зголемува атрактивноста на регионот за странските инвеститори и овозможува развој

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk