ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Тик-ток“: Дел од вработените имаат пристап до податоците на корисниците од ЕУ

November 3, 2022 14:21
in ДЕНЕС, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кинеската платформа за споделување видеа, „Тик-ток“ потврди дека некои од вработените лица на компанијата во Кина имаат пристап до податоците на корисниците од Европската Унија, но и Велика Британија.

Од кинеската компанија велат дека политиката се однесува на „Европската економска област, Обединетото Кралство и Швајцарија“. Според известувањето, „политиката за приватност се заснова на потребата вработените да ја вршат својата работа“. Ова наиде на критики од властите ширум светот, поради загриженоста дека податоците од корисниците може да се пренесат на кинеската Влада. Американски официјален претставник побара и апликацијата да биде забранета во САД.

Одговорната за приватност на „Тик-ток“ за Европа, Елејн Фокс истакна дека глобалниот тим помогнал корисничкото искуство да биде конзистентно, пријатно и безбедно.

– Иако „Тик-ток“ во мигов ги складира податоците на европските корисници во САД и Сингапур, платформата сепак дозволува одредени вработени во корпоративната група кои се наоѓат во Бразил, Канада, Кина, Израел, Јапонија, Малезија, Филипини, Сингапур, Јужна Кореја и САД, имаат далечински пристап до европските кориснички податоци. Нашите напори се кон ограничување на бројот вработени кои имаат пристап до податоците на корисниците од Европа, минимизирање на протокот на податоци вон тоа подрачје и локално складирање на податоците на европските корисници, изјави Фокс.

Таа, исто така, рече дека „овој пристап е предмет на низа силни безбедносни контроли, протоколи и методи за одобрување“, признати според Општата регулатива за заштита на податоците.

Сепак, службеникот на Управата за заштита на податоците во САД, Брендан Кар претходно повика платформата да биде забранета во земјата. Апликацијата е под истрага и во Ирска.

И британскиот Парламент во август го затвори својот профил, и ставот е дека треба да остане затворен сѐ додека „Тик-ток“ не даде „веродостојни гаранции“ дека Пекинг нема пристап до податоците.

„Тик-ток“, инаку, е најбрзо растечка апликација за социјални медиуми во светот. Преземена е скоро 4 милијарди пати, а има вкупно над 6,2 милијарди долари бруто-приход, откако се појави 2017 година.

Next Post

ЈОРМ: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk