ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто „клуботарењата“ на мицковци и ним сличните дозволуваме да нè реметат

November 3, 2022 10:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Се изнагледавме „не могли“ македонски и бугарски политичарчиња на отворањата на божемни клубови за пријателства во Македонија и во Бугарија, што во обид да ќарат некое политичко поенче парадираа влечејќи се патриотически и ширеќи раздор и омраза. Баш им е гајле ним што со парадите разгоруваат уште поголема нетрпеливост помеѓу луѓето отаде двете граници. Не само што не им е грижа, туку се чини дека тоа им е целта.

Како тргна македонско-бугарската „клубијада“ и „кој прв почна мме“ не е толку битно, но, ајде во две-три реченици.

Први почнаа Бугарите, со фашистичките им вмровски дејци и бугарски цареви. Со намера, нели, да провоцираат нетрпеливост и да издејствуваат негативна реакција кај Македонците и акција на лаковерни вмровци и по некои ламбевци, за да нè претстават пред ЕУ дека не сме за добрососедски односи, дека имаме недостаток на демократија во Македонија, дека во нас е кабаетот… И, со помош на мицковци и апасиевци, нели, успеаја да не подзапалат и изнервираат и – добија Бугарите „аргументи“ да нè кодошат.

Ајде, тоа бидна, не наглавија како кловнови, но зошто побогу мораше да се изглупираат „нашиве“ реципроцитетно со отворање клуб во Бугарија?

Освен името на клубот во Благоевград, сè друго е спорно. Ако гледавме како каракачановци и захариевци го прелагаа тогаш бугарскиот премиер Петков да се молкни до Битола за Ванчета вмровац главен Михајлов, сега гледавме како мицковци и апасиевци мешетарат со името на Вапцаров и го пикнаа херојот и поетот во нивната политичка и етничка небраност. Сакам да верувам дека шефот на кабинетот на претседателот Пендаровски кој беше во поворката во Благоевград е исто прелажан како тогаш Петков, но ајде, нивна работа.

Да си организирале тамошни Македонци од Бугарија, без политички опашки и опашари одавде, ајде, некако личи, ама вака, како мрсулави дечишта ќе враќале мило за драго на „бугарчета“ и испаѓаат бетер од нив.

Апасиев и Мицкоски ќе ти се бореле за идеалите на Вапцаров и неговиот револуционерен слободарски и уметнички дух?! А, бе, ќе се искинев од смеење да не беа олку за плачење.

Инаку, она што Мицкоски му го вели на потомокот од Вапцаров за да читал тој нивна, ние наша историја, е истото што ни го велат нам бугарските историчари и политичари. Каде така слепец еден политикантски? Како бе напред со вакви ко него?!

Одговорот на прашањето погоре, сам се наметна – мораше да се изглупираат зашто тоа се ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и приврзокот Апасиев. Мицкоски и неговата плиткост, безидејност и очајност да се факторизира, бара да се фати за што и да е само да не потоне политички скроз. А тоне кутриот, ита кон дното и тоа многу успешно, мора да му се признае. А за што друго може да се фати Мицко и вмровската врхушка околу него освен за национализам и разгорување етничка нетрпеливост внатре во Македонија и надвор со соседите. Тој и неговите само така знаат и само на тоа може да се шлепаат. Ни го докажале тоа којзнае колку пати досега, а ние упорно сè уште им се чудиме.

Како и да е. Многу е жално што идејата со клубови кои се замислени да  сплотуваат, да приближуваат едни народи со други, се вулгаризира за тесно партиски или меѓудржавни препукувања. Примерите со Ванчо Михајлов, Цар Борис трети, за жал и клубот Вапцаров, се токму тоа – очајни мостри на раздор.

А може и поинаку.

Од друга страна ги имаате оние македонски културно-информативни центри во Софија, Тирана, а еве најновиот и во Загреб, кои со разновидни активности на уметници, перформанси, концерти, изложби, поетски читања и какви ли не убави работи, ги зближуваат луѓето од конкретните држави. Погледнете само што прави Ориѓански. Она што тој прави во македонскиот КИЦ во Тирана, не може да се нарече поинаку освен чиста љубов кон својата држава и кон домаќините. Ги приближува луѓето од двете држави, она – буквално ги збратимува… користеќи го неговото моќно оружје – уметноста. Ништо помалку не очекувам и од Наталија Поповска со КИЦ во Загреб.

Ете тоа драги мои се правите егзамплари за вистински патриотизам и претставување на државата, а не „клуботарењето“ на нашиве мицковци и бугарските каракачановци.

Кога го гледаме сето ова, зошто побоги ги дозволуваме тие „клуботарења“. Множете сè тоа со нула и ајт на буништето на историјата, каде и што припаѓа тоа  „наше“ или „нивно“ политичко ѓубре.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Ангеловска Бежоска – Аранитаси: НБ посветена на макроекономската стабилност, продолжува поддршката од ЕБОР

НАЈНОВО

Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

November 3, 2025

АВМУ: Сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk