ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден: Нашата демократија е на удар поради Трамп

November 4, 2022 11:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека американската демократија е на удар бидејќи лажните тврдења на неговиот претходник Доналд Трамп за украдените избори „го поттикнаа опасниот раст на политичкото насилство и заплашувањето на гласачите“, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Американската демократија е на удар затоа што поразениот поранешен претседател на САД одбива да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година“, рече Бајден во обраќањето на настанот на Демократскиот национален комитет во Вашингтон.

„Тој одбива да ја прифати волјата на народот. Тој одбива да го прифати фактот дека ја изгуби работата, ја злоупотреби својата моќ и ја стави лојалноста кон себе пред лојалноста кон Уставот“, рече американскиот претседател.

„И тој направи една голема лага да биде несомнен слоган во кој се верува на Републиканската партија – МАГА, односно на помалиот дел од таа партија“, додаде Бајден.

Неговите коментари дојдоа шест дена пред средномандатните избори на кои Американците ќе избираат членови на Конгресот и локални претставници.

„Големата иронија за изборите во 2020 година е што тоа се најнапаѓаните избори во нашата историја. Но сепак, нема избори во нашата историја на кои можеме да бидеме посигурни за резултатите од нив“, посочи Бајден.

Американскиот претседател, исто така, се осврна на минатонеделниот напад врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, Пол Пелоси, и го поврза со насилството што ги предизвика немирите во Капитол на 6 јануари.

„Ова заплашување, ова насилство врз Демократите, Републиканците и непартиските претставници кои само си ја вршат својата работа, се последица на лагите кажани за моќ и профит, лаги на заговор и злоба“, нагласи Бајден и додаде:

„Во овој момент мораме да им застанеме на патот на тие лаги со вистината. Од тоа зависи самата иднина на нашата нација.“

„Мои сограѓани Американци, се соочуваме со одлучувачки момент, точка на промена. Затоа денеска упатувам повик до сите Американци, без разлика на партиската определеност, да го исполнат овој момент од национално и генерациско значење. Мора да гласаме знаејќи што е во прашање, а не само за политиката на моментот“, порача американскиот претседател.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Азески во посета на ДИКХ во Берлин

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk