ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари

November 4, 2022 13:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку програмите за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата, досега се инвестирани над 26 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура во Кочани.

Проектната документација е целосно обезбедена и завршена во 2016 година. Реконструкцијата на објектот на НУ ЦК  „Бели мугри“ во Кочани е започната во 2018 година со изведба на фазата за реконструкција на покривот, реконструкција на фасадата и промена на фасадната столарија. Со реализацијата на оваа фаза, извршена е комплетна изведба на енергетски ефикасна фасада и изолација на објектот. Нам, како Влада, приоритет ни е сите културни центри, кои со години биле запоставени, во континуитет да се реконструираат, а со тоа ќе се подобри работата на културните работници и ќе се збогати културно-забавниот живот на граѓаните – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која беше на увид во Кочани.

Таа, при увидот, додаде дека реконструкцијата на објектот продолжи во 2021 година кога беше започната реконструкцијата на гледалиштето во внатрешноста на објектот. Oваа фаза се реализираше со средства во износ над 3 милиони денари.

Во согласност со планот за реконструкција за оваа 2022 година, предвидени се 16 милиони денари, а заклучно со октомври се реализирани над 8 и пол милиони денари, а во тек е реализацијата на уште еден договор кој се однесува на набавка и монтажа на седишта во гледалиштето, кој е во вредност од над 7 милиони денари и се очекува до крајот на годинава да биде реализиран целосно – вели министерката за култура.

Во текот на следната година, со реконструкција на системот за греење и ладење во објектот, на делови од електричната инсталација, реконструкција на сцената и на административниот и техничкиот простор од објектот, ќе се изврши целосна  реализација на предвидениот проект за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани –  рече за крај министерката за култура.

 

Next Post

Маск започна со отпуштањата во „Твитер“, персоналот својата судбина ја дознава преку маил

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk