Европската комисија денеска изрази очекување дека новите европски правила за миграција ќе бидат усвоени до изборите за европратеници во 2024 година.
Потребни се сеопфатни промени, рече на прес-конференција портпарол на комисијата, пренесе БТА.
„ЕК предложи предлог-закон за промена на севкупниот пристап кон миграциските прашања. Предлозите го опфаќаат прашањето за емпатијата меѓу земјите од ЕУ. Ги повикуваме Советот на ЕУ и Европскиот парламент побрзо да го разгледаат предлогот“ додаде тој.
Потребата од заеднички европски пристап е јасно видлива во приемот на украинските бегалци, истакна портпаролот. Тој прецизираше дека додека не се спроведат планираните измени, можно е Kомисијата да покрене кривична постапка против земјите кои на барателите на азил нема да им ги обезбедат потребните услови за чекање на одлуката по поднесените барања.