ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Го изиграле законот, но нема да одговараат кривично – УЈП и МЕПСО загубиле милиони евра заради фирмите “шемаџии“

November 6, 2022 13:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Парични казни во висина на неколку часа искористена електрична енергија, но не и кривична одговорност. Крупниот бизнис кој што со шема користел електрична енергија како домаќинства ќе се спаси од истрага.

Државниот пазарен инспекторат им влегол во трага, а финансиската полиција отворила предмет и извршила проверки кај неколку фирми.

Институциите за Телма потврдуваат дека знаеле за шемата со која големи фирми основале мали ќерки фирми и наместо скапа струја од слободниот пазар го изиграле законот и користеле ефтина сруја како домаќинства.

Во истрагата се вклучила и финансиската полиција која по извршените проверки ги потврдила наводите дека оваа шема функционира кај некои фирми.

Го известиле јавното обвинителство но засега нема истрага за кривична одговорност. Го изиграле законот, но не го прекршиле, е првичниот заклучок на истражителите кои од понеделник најавија активирање на истрагата.

Направени се проверки кај неколку фирми има отворен предмет, првична истрага. Известено е ОЈО Скопје. Да ја разгледаме документацијата во управата со секторските одделенија и во разумен рок ќе иформираме. Предистрагата е тајна, и повеќе детали не може да откриваме засега, велат од управата за финансиска полиција.

Оштетена е државата и граѓаните. УЈП и МЕПСО дополнително ќе пребројуваат колку милиони евра разлика од излезено ДДВ не се наплатени заради шемите на големите фирми кои формирале фирми ќерки за пред законот да бидат мали и средни претпријатија.

Ќе свикаме секторски состанок. Нас не интересира колкав период овие фирми користеле електрична енергија на регулираниот пазар, а со тоа плаќале помалку ДДВ. Потребна ни се информации од финансисиката полиција, информираат од УЈП.

Шемата ја смислиле општините, а големите фирми ја пресликале. За да го заобиколат законот за енергетика формирале мали и средни компании кои влечеле поефтина струја од регулираниот пазар, а потоа со договор за закуп броилото го предавале на своите големи мајки фирми.

Во шемата се вклучиле, големи индустриски капацитети, ланец маркети, мобилни оператори, повеќе осигурителни компании, казина, познати аптеки, градежни фирми, дел од оние 12 илјади потрошувачи кои наместо да плаќаат поскапа струја од отворен пазар, најдоа начин да ги избегнат големите сметки. Во трага им влегла регулаторната комисија, а Владата иако нареди нивно тргање од регулираниот пазар не ги објави имињата на компаниите кои се офајдиле со оваа шема користејќи поефтина електрична енергија субвенционирана со буџетски средства на граѓаните.

Сите институции вперија прст во Владата и го отворија прашањето како со месеци се провлекувало законско решение за енергетика преку кое биле возможни овие злоупотреби со домашното производство на струја.

Дел од големците кои преку ќерки фирми користеле струја за домаќинства заштедиле и до десет пати, иако според информациите на Телма, нивните годишни приходи се и над десетици милиони евра.

Извор: Телма

Next Post

Косовските Срби излегоа на протест во Косовска Митровица

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk