Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повикала полиција затоа што претседателот на Советот, Трајко Славески и го украл микрофонот. Тој пак тоа го направил затоа што службите не му го вратиле копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.
Ние нема да ставиме слика од „страшната” сцена затоа што до нашата редакција пристигна фотографија од читател како граѓаните на Скопје денеска повторно се гужвале по градските автобуси, незадоволството од возниот ред на автобусите расте, воздухот ноќеска бил токсичен, во период од 23 и 3 часот, бил регистриран висок степен на загаденост, и кај и да е треба да дојде на дневен ред… па на крај ако има простор ќе го проследиме и инцидентот со копчето и со микрофонот.
Извор: Бриф