ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Хусејин: Инвестираме во раниот детски развој

November 10, 2022 15:17
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

“Инвестирањето во раниот детски развој е еден од високите приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика изминатите години интезивно работеше на реформата во делот на заштита на децата,  работиме на секое дете да му обезбедиме услови за подобар раст и развој, а овој темелен процес продолжува и  во наредните години”, рече заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин на состанокот на кој се дискутираше за тоа како да се подобри ефикасноста и ефективноста на основното образование, а истовремено да се обезбеди еднаквост во пристапот до училиштата.

Тргнувајќи од начелото дека децата имаат право на квалитетно предучилишно згрижување, воспитување  и образование, Владата на РСМ се обврза  да го зголеми за 50% опфатот на деца од предучилишна возраст од (3-6) години во установите за згрижување и воспитание и достигнување опфат до квалитетно предучилишно образование од 95 проценти колку што е и таргетот на Европската унија.

“За да се зголеми стапката на опфат во предучилишно воспитание неопходно е проширување  на мрежата на јавни предучилишни установи во руралните и урбаните средини, проширување на постојните капацитети, како и изградба на нови капацитети, посебно во општините во кои нема пристап до формите на згрижување и воспитание на деца, како и оптимизација на училишната мрежа”, посочи заменикот Хусејин.

Во продолжение, заменик министерот за труд и социјална политика рече дека Министерството за труд и социјална политика во соработка со општините работи на проширување на капацитетите за заштита и воспитание на децата.

Исто така, тој истакна дека капиталните инвестиции во детската заштита и натаму остануваат приоритет со цел обезбедување на подобри услови во претшколското образование и простор за нови 7.000 деца.

Во оваа прилика, заменик министерот Хусејин информираше дека паралелно со инвестициите во инфрастуктурата, се инвестира и во подобрување на квалитетот на предучилишното образование и на јакнење на кадарот којшто се грижи за децата преку подобрување на неговите знаења, бидејќи, како што рече, научно е докажано дека за правилен развој на детето е многу важно раното учење.

На состанокот, кој беше во организација на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и УНИЦЕФ, покрај заменик министерот за труд и социјална политика, присуствуваа и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан, повеќе градоначалници од сите региони во земјава, пратеници од Собранието на Северна Македонија, експерти од Министерството за финансии, Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во земјава, како и претставници од Светска банка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk