ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Избори во САД: Републиканците се приближуваат до победа во Домот, Сенатот би можел да зависи од вториот круг

November 10, 2022 18:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
EPA/CRISTOBAL HERRERA

EPA/CRISTOBAL HERRERA

Share on FacebookShare on Twitter

Републиканците се приближија до тесно мнозинство во Претставничкиот дом, додека контролата на Сенатот зависи од неколку тесни трки – е засега резултатот од изборите во САД на кои не се остварија предвидувањата за огромни победи на конзервативците, пишува Асошиетед Прес.

Секоја од двете партии би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи и во Невада и во Аризона – каде што ситуацијата се уште не е јасна. Но, постои голема можност, мнозинството во Сенатот да биде познато дури по вториот круг бидејќи двајцата кандидати во Џорџија не успеаја да добијат доволно гласови за целосно да победат.

Во Претставничкиот дом, Републиканците до синоќа имаа повеќе десетици места од потребните 218 места за да ја преземат контролата, додека Демократите ги задржаа местата во областите од Вирџинија до Пенсилванија и Канзас. На Западниот брег се уште трае сумирањето. Во особено симболичната победа за Републиканците, Шон Патрик Малони од Њујорк, шеф на кампањата на Демократската партија на Претставничкиот дом, ја загуби својата кандидатура за шести мандат.

Контролата на Конгресот ќе одлучи како ќе се одвиваат следните две години од мандатот на Бајден и дали тој ќе може да постигне повеќе од неговата агенда или ќе ја блокира новото мнозинство на Републиканската партија. Републиканците најверојатно ќе започнат серија истраги против Бајден, неговото семејство и неговата администрација доколку ја преземат власта, додека преземањето на Сенатот од страна на републиканците ќе ја наруши способноста на претседателот да назначува судии.

„Без оглед на тоа што ќе покаже конечниот резултат на овие избори, јас сум подготвен да работам со моите републикански колеги“, рече Бајден синоќа. „Американскиот народ јасно стави до знаење дека очекува Републиканците да бидат подготвени да работат и со мене“, порача тој.

Демократите направија подобар резултат отколку што сугерираше историјата на тој тип на избори во САД. Партијата на власт речиси секогаш трпи загуби на првите среднорочни избори на претседателот, и дури Републиканската партија на крајот и да победи во Претставничкиот дом, таа победа нема да биде толку голема како за време на други такви циклуси. Демократите добија 41 место во Претставничкиот дом под тогашниот претседател Доналд Трамп во 2018 година, за време на претседателот Барак Обама Републиканската партија доби 63 места во 2010 година, а Републиканците добија 54 места за време на првите избори на средината на мандатот на претседателот Бил Клинтон.

Американските гласачи му простија на Бајден за инфлацијата, велејќи дека таа се случи поради фактори надвор од негова контрола.

На првите национални избори по познатите немири на 6 јануари, некои кои учествуваа или беа во близина на нападот на американскиот Капитол сега се избрани на функција. Еден од тие републикански кандидати, Дерик Ван Орден во Висконсин – кој беше пред Капитол за време на нападот на Капитол Хил  – освои место во Претставничкиот дом.

Трките на гувернерите добија огромно значење оваа година, особено во државите каде ќе се води битката во одлучувањето за резултатите од претседателските избори во 2024 година. Демократите ги задржаа гувернерските места во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, победувајќи ги Републиканците кои ги промовираа лагите на Трамп за украдени избори во 2020 година. Републиканците ги задржаа гувернерските места  во Флорида, Тексас и во Џорџија, во која Бајден тесно победи пред две години.

Трамп исто така постигна одреден успех. Тој ги издигна републиканските кандидати за Сенат до победа во Охајо и Северна Каролина. Трамп поддржа повеќе од 300 кандидати ширум земјата, надевајќи се дека ноќта ќе заврши со црвен бран на кој ќе може да се „качи“ за го однесе до републиканската претседателска номинација во 2024 година.

Ивор: НоваТВ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Девет активни пожари, еден локализиран

July 8, 2025
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

July 8, 2025

Седум гледачи повредени на германското првенство во велодромски велосипедизам

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk