ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шкријељ: Од март минималната плата ќе стигне 20.000 денари

November 10, 2022 14:54
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата го усвои Предлог Буџетот за 2023 година и тој наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

-Буџетот за 2023 година е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети, што го донесовме овде во Собранието и истиот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза. Само за оваа цел во буџетот за следната година се издвоени 250 милиони евра, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.

Приходната страна во Предлог-буџетот за 2023 е планирана на ниво од 282 милијарди денари и истата е за 14,8% повисока во однос на 2022 година.

Од друга страна, расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година, со што продолжува постепената фискална консолидација со буџетски дефицит.

-Она што е особено важно да се потенцира е зголемувањето на средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери кон граѓаните. Предвидени се 75 милијарди денари за исплата на пензии или за околу 10% повеќе во однос на оваа година,додаде таа.

Тука е земена предвид новата методологија за пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите.

Расходите за плати проектирани се на 34,9 милијарди денари, согласно постојните законски решенија, односно сумата е повисока за 1,6 милијарди денари и е во насока на усогласување со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија.

-Со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март следната таа ќе порасне за 10 % и ќе достигне речиси 20.000 денари. Во март оваа година минималната плата изнесуваше 15.200 денари, што значи дека само за една календарска година таа ќе се зголеми за над 30 отсто, рече таа.

Предвидени се и 12,5 милијарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става на и на капиталните инвестиции. Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, односно за околу 52,3% повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

-Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија, рече Шкријељ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk