ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Студентите имаат право да кренат глас, наше е да ги слушнеме и да им помогнеме

November 14, 2022 22:02
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска имаше навистина исклучително конструктивен дијалог меѓу студенските здруженија, Министерството за образование и пратениците, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претставници на студентските здруженија.

Драго ми е што се изнајде заеднички јазик, на задоволство пред се на студентите во однос на студенскиот оброк, изјави премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со претставници на студентските здруженија.

Тој додаде дека се разговарало и за други аспекти на студенскиот стандард пред се во делот на инфраструктурата во студенските домови при што веќе било договорено со МОН дека и во тој дел ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студенски домови каде што не е на најдобро ниво.

Премиерот потенцира дека студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас и своите ставови.

На нас коишто сме во Владата, како и пратениците, е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија коишто ќе бидат на задоволство на сите. Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака, бидејќи тие се наши деца и се иднината на оваа држава, а за иднината носиме одлуки таа да биде европска и да можат да живеат во услови какви што живеат нивните врсници и во Германија и во Австрија и во сите други земји на ЕУ, додаде Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски се осврна и на греењето во студентските домови.

Оставивме министерот за економија заедно со министерот за образование да можат да ја видат точно потрошувачката којашто би се трошела со додавање на грејни тела и тоа исто така да биде решено во наредниот период. Студенските домови, најголемиот дел, дури мислам дека и сите, се на централното греење во градот Скопје. Ние централно греење во градот Скопје обезбедивме и тоа можат да го потврдат сите граѓани, веќе се набавени и количини на енергенси за до крајот на овој месец. Знаете дека ги набавуваме со термински план кој е пократокорочен заради движењето на цените на гасот. Доколку има потреба за дополнително греење тогаш секако дека МОН заедно со Министерството за економија ќе направи така како што направивме и за прехранбената индустрија, како што направивме и за другите витални функции во државата, заклучи Ковачевски.

Next Post

Почнува обврската за задолжителна зимска опрема во возилата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk