Премиерот на Албанија, Еди Рама денес во Скопје ги донесе иконите кои беа украдени од црквите во Струга и Дебар и му ги предаде на премиерот Димитар Ковачевски, после заедничката владина седница меѓу двете земји.
-Ова е голем гест кој што го направија двете министерства за култура. Оваа е голема година за нашите граѓани, особено за Македонците затоа што МПЦ беше примена во сослужување со сите други цркви, потоа следуваше отпочнување на преговори со ЕУ, потпишување на договорот со Фронтекс и денес 21 икона кои што припаѓаат на нашите манастири. Благодарение на нашиот пријател Еди Рама и неговите колеги се враќаат во земјава за да може сите наши православни верници да се помолат пред нив, но и сите други браќа и сестри од другите религии, истакна Ковачевски.
21 вредна икона украдени од црквите во Струга и Дебар, по 9 години се враќаат во Северна Македонија. Тие беа пронајдени од полицијата на Албанија во 2013 година. Иконите се чуваа во два музеја во Тирана.