Од почетокот на годинава па до крајот на август – септември имавме над 320 милиони евра странски инвестиции, вели првиот човек на ДТИРЗ, Јован Деспотовски воинтервју за Независен. Тој додава дека минатата година инвестициите изнесувале вкупно околу 190 милиони евра, а до крајот на годинава ќе бидат презентирани уште три до четири инвестиции.
-Имаме околу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики кои што имаат потпишано договор. Дел од новите веќе имаат економски активности, тие се од почетокот на минатата година, другите се компании кои што веќе биле тука и кои што направиле нов капацитет или го прошириле.
Според него, целта на ТИРЗ е од почетокот на 2021 година па заклучно со американско тајванската инвестиција за која се во завршни разговори и очекуваат да биде објавена во јануари наредната година, да достигнат некаде околу една милијарда евра инвестиции во овие четири години.
За какви инвестиции станува збор, дали како и до сега се претежно од автомобилската индустрија?
Го променивме пристапот и се отворивме кон сите индустрии за разлика од претходно. Американско тајванската компанија се електроника, „Гересхајмер“, германската инвестиција од 126 милиони евра која што ја објавивме во јуни е во дејноста фармација, инвестицијата „НЕКСТ.Е.ГО за производство на електрични автомобили e.GO, иако е за електрични автомобили, таа е и во делот на електроника…