Министерството за внатрешни работи информира дека денешните закани за бомби поради кои беа евакуирани седум училишта се лажни.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Во 9:30 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на електронската адереса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.