ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Северна Македонија, депозитар на трите меѓународни договори потпишани во рамки на Берлинскиот процес

November 16, 2022 15:27
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги прими трите договори потпишани рамки на Самитот на Берлинскиот процес, на 3 ноември, од страна на шесте држави од Западен Балкан, за кои Северна Македонија е одредена како нивен депозитар. Оригиналните документи беа предадени од страна на Сузане Шуц, директор за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во германското Министерство за надворешни работи.

„Доделената улога на депозитар на трите договори, согласно праксата на назначување на една земја „чувар“ на договори потпишани од страна на повеќе земји претставува потврда за конструктивна улога на Северна Македонија во регионалните процеси и соработка, како и посветеноста на државата за јакнење на добрососедските односи, но и модел за изнаоѓање на позитивни решенија за надминување на отворените прашања“, нагласи Османи по тој повод.

Договорите се однесуваат на заемно признавање на универзитетски дипломи во рамките на Западен Балкан, признавање на професионалните квалификации и слобода на движење со лични карти во Западен Балкан. Истите имаат за цел да ја зајакнат соработката помеѓу земјите во делот на реформските процеси, заедничките пазари и воедно да придонесат забрзан регионален економски раст и развој.

Берлинскиот процес како комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан,  има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите, отворена пазарна економија, забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ, унапредување на соработката, унапредување на културата на дијалог и културата на изнаоѓање на компромисни решенија кои имаат за цел да дадат автентичен придонес во европеизација на земјите од регионот.

Со применувањето на трите договори отпочнува конкретната имплементација на Заедничкиот регионален пазар.

Next Post

Кривична пријава за вработена во ГОБ „8-ми Септември“, одзела картичка од пациент и си пазарела со неа

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

January 25, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

January 25, 2026
Скриншот, видео Х

Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

January 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 24 и 25 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што носат првите трилатерални разговори за Украина во Абу Даби: Москва инсистира на „Формулата од Анкореџ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто куќите во Гренланд се обоени во различни бои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканот и „Одборот за мир“ на Трамп: Кој е поканет, кој прифати, кој одби – и зошто Македонија ја нема во „периметарот“ на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Должен како Грк, сиромав како Македонец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk