ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Ангелов на НАТО состанок за отпорност во Брисел

November 17, 2022 09:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера попладне во седиштето на НАТО во Брисел се одржа првиот состанок на високите претставници за отпорност, каде се обрати генералниот секретар Јенс Столтенберг. Република Северна Македонија во овој формат е претставувана од директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Сојузниците ги споделија своите сознанија и насоки за зајакнување на националната и колективната отпорност во светло на значително променетото безбедносно опкружување во евроатлантската област.  Нивните насоки ќе ги дефинираат целите за отпорност на Алијансата, кои ќе бидат претставени пред лидерите на НАТО на самитот во Вилнус следниот јули.

Во своето обраќање генералниот секретар Столтенберг истакна: „Силата на нашето одвраќање и одбраната се темелат на отпорноста на нашите држави и општества“. Ова е причината зошто НАТО се фокусираше на отпорноста од самото основање на Алијансата.  Од 2016 година НАТО повеќе напори се посветуваат на ова, воспоставувајќи основни барања за сојузниците за процена на националната отпорност во клучните области, вклучувајќи го континуитетот на владините служби, комуникациите, транспортот, снабдувањето со храна, вода и енергија, како и справување со масовни жртви и неконтролирано движење на луѓе.

Ангелов информираше за националната агенда за процена и градење капацитети за отпорност, нагласувајќи го принципот на вклученост на сите национални чинители.

Минатата година, сојузниците се согласија за зајакната посветеност на отпорноста и, како дел од агендата на НАТО 2030, да назначат висок претставник кој ќе ги координира напорите за национална отпорност и ќе ги подобри консултациите во рамките на НАТО.

На првиот состанок сојузниците се согласија да развијат патоказ за отпорност до Самитот во Вилнус во 2023 година, за да обезбедат видлив и навремен напредок.

Генералниот секретар ги препозна брзите дејствија што сојузниците ги презедоа по инцидентите на „Северен поток“ за да се обезбеди отпорност на критичната инфраструктура со поголемо воено присуство и размена на разузнавачки информации.  Тој, исто така, ги повика сојузниците да соработуваат поблиску и да ги забрзаат нивните напори за отпорност, нагласувајќи ја улогата на НАТО како центар за трансатлантските консултации, информираат од ЦУК.

Next Post

Дебата „Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“

НАЈНОВО

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025
Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk