И познатиот актер и сестран уметник од светски калибар Раде Шербеџија е злоупотребен за партиска пропаганда на Левица. Никој немаше ниту да забележи дека Левица отвориле уште еден партиски штаб доколку лидерот на Левица, Димитар Апасиев не објави уште една во низата лаги и манипулации на неговиот Фејсбук профил, дека наводно „Раде знае кај е силата“ со хаштаг ПредДождот.
Неговата манипулација и лага ја објавија медиумите: Фактор, MКД.мк, Локално и Фокус (кои веднаш потоа ја избриша објавата).
Опасна манипулација! Вака функционираат “левичарите” , режимски, манипулативно, деструктивно и поданички кон нивните идоли кои не и сакаат добро на Македонија!
Еве, до толку може да лажат! Толку ниско се подготвени да одат!
Да, за Левица зборувам, а медиумите кои го пренеле ова како вистина, се надевам ќе ја препознаат оваа манипулација. Инаку Раде Шербеџија истиот ден дава лекции за готвење во Пула“, објави Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ.
Инаку додека пропагандните кујни на опозициската партија Левица готвеа лаги за Шербеџија, тој всушност готвеше ручек во Пула, Хрватска
Злоупотреба на идентитетот на уметник од светски калибар како што е Шербеџија за добивање на ситни политички поени, е толку ниско, неморално, неетично па макар и да се работи за Левица.
ЦИВИЛ мониторинг тим
Извор: ЦИВИЛ Медиа