ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: За зелената агенда не смее да има политика, потребна е долгорочна стратегија

November 17, 2022 12:54
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената агенда треба да ја спроведеме заради нас, за граѓаните, но тоа не е ништо што може да се реализира преку ноќ. Неопходна е долгорочна стратегија, а за тоа треба да седнеме сите заедно. Политика во зелената агенда нема и не смее да има, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на панелот за Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

За спроведување на зелената агенда, како што рече Нуредини, потребни се многу инвестиции зашто инфраструктурата е скапа. Моментно, во овој сегмент, нашата држава има голема поддршка од ЕУ.

Нуредини се осврна на повеќето проекти што ги спроведува Министерството, напоменувајќи дека паралелно се работи и на усогласување на легислативата со европските директиви.

-Во финална фаза е пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Се надевам дека потребните активности во овој дел ќе ги реализираат и институциите на локално ниво зашто повеќе од јасно е дека ако немаме пречистителна станица, не можеме да бидеме членка на ЕУ, укажа министерот.

Според него, Делегацијата на ЕУ усвои проект за канализација во општина Кичево кој наредната недела би требало да се потпише, а поминала и согласноста за пречистителна станица во општина Битола.

-Нашата клучна цел е да инвестираме во инфраструктура, во водоснабдување, канализации, но и во управување со отпадот како и негово рециклирање. Ќе ни требаат и депонии за кои не сме инвестирале доволно во минатото, рече Нуредини на панелот.

Министерот потенцира и дека мора да се поддржи енергетскиот сектор за да се вложува во обновливите извори на енергија.

Во врска со законот за климатски промени, Нуредини напомена дека е веќе неколку месеци подготвен, но поентата е, како што потенцира, законите не само да се носат, туку и да се спроведуваат.

Пред почетокот на панелот за Кластерот 4 воведно обраќање имаше вицепремиерот Бојан Маричиќ, а покрај Нуредини во дискусијата учествуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Во тек е вториот панел за Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“ на кој прв се обраќа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Потоа се очекува обраќање да има и Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Двата панела се дел од настанот „Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“ кој е вториот од серијата настани посветени на годинашниот Извештај на ЕК во напредокот.

Next Post

Историчари: Ванчо Михајлов бил гангстер, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно да се огради од него

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk