ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вучиќ во братство со Русија, албанската азбука и Уставот, децениските контроверзии со пристаништето во Драч

November 18, 2022 13:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Вучиќ го предизвикува западот, го брани руско – српското братство

Во знак на отпор кон повиците на Западот да се избере меѓу Москва и Западот, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека братските односи на неговата земја со Русија не можат да бидат уништени и дека Белград никогаш нема да се урне под притисок. Вучиќ ја даде изјавата за време на средбата со Турко Даудов, советник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, пишува во вчерашниот Oп/Eд „Вучиќ го предизвикува западот, го брани руско-српското братство“ во Газета Експрес, Косово.

Вучиќ се сретнал со Даудов во Белград, па дури и позирал облечен во традиционална чеченска облека, која му била дадена на подарок.

„За нас, рускиот народ е братски народ, а историјата тоа го докажа многупати низ вековите. Затоа, руско-српските односи не можат да бидат уништени со никаков притисок“, изјавил Вучиќ.

АЛМАКОС: Алфабет, име, транскрипција

„Во пресрет на одбележувањето на „22 Ноември – Денот на албанската азбука“ и во екот на дебатите за отворањето на Уставот, во преден план за разумноста од вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, повторно се наметнува актуелноста на прашањето за отстранувањето на нумеричките термини поврзани со албанскиот јазик.

Тука треба да се споменат два важни моменти, во врска со Денот на азбуката и Уставот на РСМ.

Првиот момент: Помеѓу датумите 14 ноември – 22 ноември 1908 година, во градот Битола се одржа академска конференција за стандардизација на азбуката на албанскиот јазик, бидејќи пред конгресот албанскиот јазик беше претставен со шест или повеќе азбуки, не сметајќи ги подваријантите. Вториот момент: Уставот на Република Северна Македонија од 1991 година, кој често беше детектиран како генератор на кризи, но и со последните измени на Уставот – кога се смени името на државата, дискриминацијата не се подобри кога се во прашање Албанците и фактот што албанскиот јазик остана дефиниран со терминот „20 проценти““, пишува во колумната од Сејди Демири „Алфабет, име, транскрипција“.

ТОП ЧАНЕЛ: Што не е во ред со течението на проектот за пристаништето во Драч

Главна тема на политичката сцена во Албанија деновиве беше контроверзниот проект за пристаништето Драч, проследен со големи дебати и прашалници. Пристаништето Драч е најголемото во Албанија и меѓу најважните на Јадранското и Јонското море.

„Од 2015 година, Албанија има закон за стратешки инвестиции и од тогаш доделени се околу 30 статуси стратешки инвеститори во областа на туризмот. Ниту еден од овие инвеститори не добил пренос на сопственост за едно евро цели 99 години, но не и вечна сопственост“ – се вели меѓу другото во дебатната емисија „Топ стори“ на Топ Чанел, Албанија.

„Инвестицијата што ја прави во проектната област не е на нивоата за кои се вели дека е 2,1 милијарда евра… ако ги погледнеме финансиските табели, ќе видиме дека за првите седум години компанијата ќе заложи 161 милион евра, каде 80 милиони се свои, а 80 е наменет да ги добие од банкарски институции. Ако го пресметаме, добиваме 23 милиони евра годишно. Останатите пари ќе се соберат со продажба на становите“ – нагласија учесниците во „Топ стори“.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk