Новинарoт, политички аналитичар и регионален менаџер на британскиот центар за блискоисточни студии, Амјад Таха, тврди дека Катар подмитил неколку еквадорски фудбалери за да загубатна во воведната утакмица на отворањето на Светското првенство во 2022 година, пренесува Спорт Клуб.
„Катар поткупи осум играчи од Еквадор за 7,1 милиони евра за да го изгубат натпреварот (0-1, гол во второто полувреме). Петмина инсајдери од Катар и Еквадор ја потврдија информацијата. Се надеваме дека ова е лага. Очекуваме ширењето на оваа информација да влијае на резултатот. Светот мора да се соочи со корупцијата во ФИФА“, напиша Таха на своите профили на социјалните мрежи.
Натпреварот меѓу селекциите на Катар и Еквадор е закажан за в недела на 20 ноември од 17 часот.
Во групата А се и селекциите на Холандија и Сенегал.
.