Од владиниот кабинет испраќаат сигнали дека е можно да ги отворат вратите за влез на Алијанса за Албанците. На прашањето во врска со евентуалното членство на АА во Влада, премиерот Ковачевски со одговор дека е подготвен за соработка со сите оние кои сакаат да ја видам Македонија во ЕУ.
Ниту ДУИ не ја исклучува можноста АА да стане дел од Владата. Вицепремиерот, Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи велат дека сите проевропски сили се добредојдени во Владата, додавајќи дека има политички момент кој наметнува поширока соработка.
„Сите сили кои ја поддржуваат европската интеграција на Северна Македонија треба да ги фокусираат своите сили за спроведување на уставните измени и сите реформи кои се потребни за пристапување во ЕУ“, вели Артан Груби.
„Постои политички момент кој наметнува поширока координација и соработка на политичките партии. Не поради удобноста на Владата, затоа што Владата има удобност од 64 пратеници, туку поради предизвиците со кои се соочува Владата“, посочи Бујар Османи.
Вчера во Влада се сретнаа премиерот Димитар Ковачевски и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, но по средбата, рекоа дека проширувањето на Владата не било тема на дебата. Таравари не ја исклучува можноста да бидат дел од Владата, но вели дека ќе имаат свои црвени линии кои се вклучени во пакетот мерки, а кои ќе ги презентираат откако ќе добијат понуда за влез во Влада.
Извор: ТВ21