ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Аца за вечера и пауза

November 23, 2025 11:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МАГАЗИН, РЕПУБЛИКА
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Аца Лукас настапувал без дозвола, а во објектот кај што пеел имало околу 700 луѓе односно четири пати повеќе од капацитетот на објектот. Тоа е оценето како безбедносно ризична ситуација и затоа околу полноќ полицијата го прекинала настапот и Ацота го привела во полициска станица да го чека судијата за прекршоци за појадок и сослушување, цела ноќ.

Ова е образложението на градоначалникот Јанчев. Со додаток дека организаторот барал да постави дополнителна сцена, но бил одбиен и за тоа бил известен.

Писмено и усмено.

Во оваа образложение на кметот се е на место освен една важна работа.

Бидејки Јанчев и верувам сите во Кавадарци сакале да ги избегнат сите ризици да се повтори Кочани, тие располагале, како што се гледа од изјавата на Јанчев, со сите потребни информации да постапат според законот и да го спречат одржувањето на концертот. Повторувам: Да го спречат! Но, не, тие пуштиле забавата да се одвива и пред самиот крај, значи, некаде околу полноќ, решиле да интервенираат.

Самата интервенција на полицијата не е спорна ако е се така како што вика Јанчев, но фактот дека властите дозволиле да се одвива еден концерт за кој знаеле дека е нелегален и дека таму можеби може да се случи Кочани 2, ги прават тие власти, вклучително и градоначалникот, одговорни за неспречување на настан кој самите го оценуваат како ризик за предизвикување на општа опасност. Тие ја спречиле опасноста откако еден или два часа дозволиле таа да виси над главите на 700 млади луѓе.

Зошто не го спречиле концертот?

Претпоставувам дека оцениле дека ризикот за кој зборуваат е мал во однос на пропагандните ефекти од спектакуларното прекинување на концертот.

На тој момент укажува и фактот дека е приведен само Аца, додека целиот амбиент за ново Кочани останал негибнат. Не е приведен, да речеме, сопственикот на објектот кој организирал нелегален концерт.

Практично сите, од Јанчев, до одговорните во полицијата, влегле во зоната, не на прекршочната одговорност, како Аца, туку на кривичната одговорност.

Јанчев би требало повнимателно да се чука во градите. Тоа што кавадаречката “шупа” не изгорела е една работа, а тоа кој дозволил да се развијат околности да може да изгори, ако се точни резоните на Јанчев (немаме причини да не му веруваме) е приоритетна и мора да се разјасни во локалната самоуправа, во полицијата и во обвинителството, пред да му се остави на судот.

Преземено од ФБ профилот на Авторот

Поврзано:

Јанчев за инцидентот со Аца Лукас: 700 луѓе во локал за 200, нема да дозволиме нова трагедија

Tags: Аца ЛукасКавадарциМитко ЈанчевТричковски
Next Post

Независната сцена не се „бори“ против „мејнстрим“ културата, секогаш има публика што тежнее кон подлабоко и посуптилно естетско искуство

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk