Извршен директор на Коалиција на младински организации „СЕГА“, Зоран Илиевски изјави дека нема друг пат освен тој пат кон ЕУ и смета дека секое задоцнување со членството во ЕУ ги уназадува и ги обесхрабрува младите. Тој ова го кажа коментирајќи го вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред младите сили на партијата, откако повтори дека ВМРО -ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени.
Дел од секојдневието е токму незадоволството од ситуацијата во која живеат младите и затоа решаваат да заминат од земјата. Членството во ЕУ значи и развој на државата и задржување на младите кај нас. Условите кои ќе ги договорат политичарите се договори за идните генерации. Сепак сметам дека од важност за младите е преговорите да отпочнат, да се врати нивната доверба и да се искористи нивниот потенцијал овде кај нас, истакна Илиевски.
Политичарите донесуваат одлуки кои се битни за младите и за граѓаните, наведува тој, но многу побитни за иднината, која се помалку младите ја гледаат токму поради ваквите политики кои ги имаме во изминатите 30-тина години.
Извор: Локално