ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иранските фудбалери одбија да ја пеат националната химна на СП во Катар

November 21, 2022 21:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Иранските фудбалери на Светското првенство во Катар одбија да ја пеат нивната национална химна пред натпреварот со Англија, изразувајќи поддршка за антивладините протести во нивната матична земја, објави Би Би Си.

Некои фанови извикуваа и се потсмеваа за време на интонирањето на химната, а други држеа табли на кои пишуваше „Жена, живот, слобода“.

Иранскиот селектор Карлос Кеирош изјави дека неговите играчи „имаат слобода да протестираат“ за правата на жените во нивната матична земја се додека тоа „е согласно прописите на Светското првенство и е во духот на играта“.

Во Иран се случи жестоко задушување на протестите, предизвикани од смртта на Махса Амини во септември откако таа беше притворена и физички малтретирана. Дваесет и две годишната Амини беше приведена од полицијата за морал поради наводно прекршување на строгите правила за прекривање на лицето на жените во Иран.

Активистите за човекови права соопштија дека повеќе од 400 демонстранти се убиени, а 16.800 други се уапсени во акцијата на иранските безбедносни сили. Иранските власти тврдат дека протестите се „немири“ организирани од странски непријатели на земјата.

Иранските навивачи во Катар, исто така, во првото полувреме го скандираа името на поранешниот фудбалер „Али Карими“, кој е еден од најискрените критичари на Исламската Република и едно од најпопуларните лица на протестното движење. Можеше да се слушне и скандирање „Бе-Шараф“, што на персиски значи „нечесен“. Тоа е придавка што демонстрантите ја користеа против безбедносните сили во Иран.

Фудбалерите на Иран, исто така, го прикриваа својот национален репрезентативен амблем додека играа на два подготвителни натпревара во септември.

Коментаторот на Би Би Си, Гери Линекер на полувремето истакна дека „тоа било многу моќен и значаен гест“, додавајќи дека „фудбалот се обидува да ја искористи својата моќ за добро“.

Англија го победи Иран со 6-2 во натпреварот од групата Б.

Tags: ИранпротестСПхимначовекови права
Next Post

Бранимир Јовановиќ: Апасиев се однесува како Албин Курти, игра на картата на национализмот и популизмот

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk