ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Слобода превоз“: Град Скопје ни испрати инспекции, на тоа гледаме како притисок да се откажеме

November 22, 2022 15:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Директорот на компанијата што опслужува дел од линиите на скопскиот градски превоз, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, информираше дека Град Скопје денеска извршил инспекции во претпријатието, нешто што според него никогаш не се случило досега и што го чувствуваат како притисок.

– Ако мислат дека со тоа ќе извршат притисоци да се откажеме за да нема некакви казни, нема да го направиме тоа, рече Јовановски на денешната прес-конференција.

Од компанијата алармираа дека тоа се погрешни методи и воопшто не се во интерес на јавноста, како и дека штрајкот продолжува оти се уште не добиле финансиски средства.

– Нема да се откажеме бидејќи нас ни должат милиони. Не ни должат 10 или 20 илјади евра. Ако треба нешто да поправиме нешто, ќе поправиме, а не откако ќе си ги побараме парите да се посочат критики – е сега не чините, бидејќи ги побаравте парите. Ќе ви пуштаме инспекции, ќе ви раскинуваме договори, ќе ви се закануваме со ова, со она. Тоа не е во јавен интерес и тие методи се погрешни. Тоа сакавме да и го порачаме на градоначалничката затоа што некои структури околу неа не ја советуваат добро, бидејќи ќе има последици по сите нас. Не е добро ни за градот, ни за граѓаните, а најмалку за градоначалничката која на изборите ја поддржавме и во фокусот на нејзините ветувања беше јавниот превоз, изјави Јовановски.

Тој порача дека доколку им се дадат финансиски средства за гориво, јавниот превоз би бил пуштен во функција веднаш, додавајќи дека се свесни за кризната состојба и затоа не бараат целосна исплата, туку тековни средства за да можат да можат превозниците да возат.

Јовановски воедно ги демантираше информациите изнесени на вчерашната прес- конференција на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, само возачите во т.н. „приватни автобуси“ не издаваат фискални сметки.

– Тоа што беше презентирано вчера не е точно. Демантираме дека автобусите на приватните возачи не се фискализирани. Фискалните принтери во приватните и во државните автобуси не се во функција. Тие се дел од вградената опрема на Јавното сообраќајно претпријатие и од многу поодамна не се во функција, оти нивна должност е по договорот да ги одржуваат и поправат, а тоа не го прават. Вториот факт е дека никој од приватните шофери не продава билети во автобусите, заради тоа што ние не ни имаме билети што може да ги продаваме и да земаме пари кои беа спомнати дека не се уплаќаат на сметките, изјави Јовановски.

Тој порача дека е погрешно состојбата на ЈСП да се презентира како состојба кај приватните превозници, кои како што посочи „немаат врска со тоа“.

Во насока на хигиената во автобусите Јовановски напомена дека пред секое пуштање на возилото во сообраќај „треба да се прават соодветни контроли“, но по неговото вклучување состојбата „не може да се контролира и се зависи од свеста на корисниците“.

Јованоски информира дека денеска побарале средба со градоначалничката со цел наоѓање на заедничко решение, најавувајќи дека доколку не се реши проблемот ќе следуваат блокади.

– Побаравме денеска писмено да оствариме средба со градоначалничката за да ги кажеме нашите позиции и аргументи и очекуваме да бидеме повикани, изјави Јовановски, додавајќи дека на нивните барања да добијат нешто што им следува, не може да им се дава политички карактер.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зајкова: Заедно да ги тргнеме пречките од европскиот пат

НАЈНОВО

„Дон Кихот во Скопје“ – светска премиера на Концерт, изложба на слики и промоција на книга за деца

October 16, 2025

Студенти од Србија финалисти за наградата Сахаров

October 16, 2025

ДИК го дистрибуира изборниот материјал, половина метар е најдолго гласачко ливче

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk