Како Либерално демократска партија ние ќе го продолжиме патот кон интеграција во ЕУ бидејќи за нас друга алтернатива нема и тоа стои и во статутот на партијата. Ние сме европска партија.
Услов за било која влада во иднина ќе бидат резултатите од борбата против криминалот и корупцијата. Тоа се фундаменти кои ги поткопуваат државните темели и внесуваат недоверба во системот. Потребно е таа борба да е и суштината и доколку сакаме да градиме европска и напредна држава.
На темата европскиот пат сега е доста актуелно прашањето со уставните измени. Затоа само ќе кажам дека треба сите да се обединиме. Треба партиите да ги надминат теснопартиските интереси и заедно да донесеме одлука по кој пат ќе ја трасираме државата, треба да ги тргнеме последните пречки што не попречуваат на патот на Европската унија, – реч меѓу другото новоизбраната претседателка на ЛДП, Моник Зајкова во интервјуто за порталот Локално.мк.