ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Колева: Во март ново зголемување на минималната плата и покачување на пензиите

November 23, 2022 13:00
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во собраниска процедура денеска влегува Буџетот за 2023 година. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, изјави денеска пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева на прес-конференција во Собранието.

– Овој најважен документ за македонската економија е прв буџет усогласен со новиот Закон за буџети. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Приходите во споредба со 2022 година се зголемени за 14,8 посто додека дефицитот се намалува на 0,7 процентни поени  во однос на проекциите за 2022 година, информира Колева.

Како одовор на последиците од кризата, но и за унапредување на животниот стандард на граѓаните, како што рече, се зголемуваат средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери.

– Седумдесет и пет милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите катеогрии граѓани. Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на слендата година согласно новата методологија. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачуивање на пензиите, најави Колева.

Во Буџетот, дополни таа, не се занемарени ниту капиталните проекти кои се на ниво од близу 800 милиони евра или за околу 52,3 проценти повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

– Буџетот за 2023 година е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2,3 отсто што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите на еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто. Повикуваме сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија, нагласи Колева.

Одговарајќи на новинарско прашање, Колева посочи дека до крајот на оваа година очекуваат поголем процент на реализација на капиталните проекти.

– Со оглед на тоа што се зголемени приходите во првите три квартали во споредба со минатата година, заради тоа имаме поголеми приходи. За следната година се проектирани поголеми суми и поголем број на инвестиции и капитални проекти, рече Колева.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk