Според последното истражување кое го спроведе агенцијата „Маркет вижн“ за порталот МКД повеќето граѓани на земјава не се задоволни од надворешната политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија и не ги одобруваат санкциите кои Македонија ги спроведува кон Руската федерација. Сепак, според дел од аналитичарите, во изјава за „Локално“, ваквите податоци се зачудувачки и сметаат дека секој човек мора да ја осуди руската агресија.
Аналитичарот Агим Јонуз вели дека „партиите секогаш ќе си создаваат терен за препукување, а анкетите кои вршат анализи и пласираат информации, се секогаш се на страна на оној што тој го плаќа“.
-Многу е релативно да се влегува во било која анкета. Се зависи од актуелната политика на која што агенцијата е наклонета. Клучната поента е во тоа што секогаш позицијата и опозицијата ќе си создаваат амбиент во кој што може да имаат причини за препукување, со цел секој да ги правда своите ставови, дециден е Јонуз.
Според него со оглед дека ние му припаѓаме на западниот блок, се обврзуваме на нашите стратешки партнери.