ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски од Тетово: Следната 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж

November 25, 2022 22:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во Буџетот за 2023 година обезбедивме пари за нов раст на пензиите и платите. И да одговорам на прашањата од вашите сограѓани. Да, ќе растат пензиите и ќе расте и минималната плата.  Со новата методологија што заедно ја договоривме, новото зголемување е во март 2023 година. Пензиите ќе бидат зголемени за вкупно 16% за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово.

Тој додаде дека со економските политики за наредната година се става акцент и на капиталните инвестиции за чија реализација се предвидени околу 800 милиони евра, пари за нови проекти, нови патишта, водоводи, градинки и училишта кои ќе се градат низ цела држава.

„Се наоѓаме на вистинскиот пат и наредната година ќе биде година на економски пресврт. Сите економски показатели го потврдуваат тоа. Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата исто така на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека економскиот пресврт ќе се реализира со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, а со енергетската транзиција и визија ќе станеме зелен енергетски центар во Европа.

„Заедно ќе успееме да ја поминеме зимата, заедно ќе успееме да ја пребродиме последната глобална економска бура и од наредната година ќе биде подобро. Нема недостижна цел. 2023 година е година за економска пресвртница, на нова надеж“ рече премиерот и претсеадтел на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово.

Тој додаде дека доколку во првите десет месеци борбата беше за држење на економската линија и борба со кризата, за наредната година, со новиот Буџет се тргнува во офанзива.

„Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да економски да растеме, да го зголемиме животот стандарди и да се погрижиме следната година да стане подобра од оваа. Да направиме општествени промени со нашите економски политики за енергетска транзиција, за обезбедување финансиска поддршка и пресвртница во развојот на домашната економија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во првите 100 дена од неговиот мандат се покачи минималната плата на 18 илјади денари, пензиите во првата година се покачија за 16 отсто, додека просечната плата достигна ниво од 32 илајди денари.

„Во Буџетот за 2023 година обезбедивме пари за нов раст на пензиите и платите. И да одговорам на прашањата од вашите сограѓани. Да, ќе растат пензиите и ќе расте и минималната плата.  Со новата методологија што заедно ја договоривме, новото зголемување е во март 2023 година. Пензиите ќе бидат зголемени за вкупно 16% за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери“ рече Ковачевски.

Next Post

Англија и САД одиграа нерешено без голови на Светското првенство

EVN

НАЈНОВО

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026

Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

January 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Инстаграм

    Бруклин Бекам ја прекинал директната комуникација со родителите за да го заштити менталното здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Џорџ Клуни со „скриена прозивка“ кон Трам на доделувањето на Златни глобуси 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk