Интензивните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Германија и понатаму ќе доживеат подем,, истакна претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмајер од собраниската говорница на македонскиот Парламент.
„Уште денес Северна Македонија претставува ценета економска локација за преку 200 фирми со германски капитал кои се вбројуваат во најголемите работодавци во земјата и кои вработуваат околу 20.000 работници и исто така и тоа е многу важно овие фирми им нудат обука на многу млади луѓе во Северна Македонија Утре ќе се уверам во еден важен проект за иднината, во Богданци ќе имам прилика да го посетам првиот ветерен парк на Западен Балкан изграден за само 18 месеци со германска поддршка. Овој ветерен парк е пресвртница за по еколошко снабдување со енергија во вашата земја Исто така и најголемиот инвестициски проект што се планира, тоа е ветерен парк Вирови кој во крајната фаза треба да снабдува 290.000 домаќинства“, рече Штајнмајер.
Ветерните паркови ни го покажуваат патот, мора да ги искористиме економските шанси на еколошка трансформација, нагласи германискиот претседател Штајнмајер.