ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Не користи мобилен додека возиш, не му е местото во сообраќајот!

November 29, 2022 11:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи денеска  се обрати на научен собир на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“ во партнерска организација на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Факултетот за безбедност и Министерството за внатрешни работи,  што се одржа во амфитеатарот на Факултетот за безбедност во Скопје.

Министерот Спасовски во своето излагање потенцираше дека секоја техничко-технолошка новина во себе носи важни дилеми кои бараат соодветни правила на прилагодување, особено ако практичните ускуства покажуваат конкретни проблеми при користењето.

„ Фактот дека според Светската здравствена организација одвлеченото внимание на возачот поради користење на мобилен телефон се јавува како причина во безмалку една четвртина од сите сообраќајни незгоди, јасно ни укажува дека одредени модерни технолошки алатки едноставно не можат да се користат секаде и во секоја прилика. Евидентно е дека се соочуваме со еден нов и потенцијално многу опасен феномен кој согласно статистиките и аналитички согледувања има капацитет на крајно сериозна закана, чија цена се човечки несреќи и трагедии.“, ја дефинираше опасноста од користењето на мобилните телефони министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека препознавајќи ја таа опасност повеќе години наназад сите релевантни институции од областа на сообраќајот не само што законски го нормираа како казниво поведение користењето на мобилните телефони при возење, туку интензивно се вклучија во превентивно делување и заеднички работеа на подигнување на јавната свест, дека на користењето на мобилните телефони не му е местото во сообраќајот, без разлика дали станува збор за управување на моторно возило, минување на сообраќајниците или   велосипедска рекреација, притоа не исклучувајќи ниту еден учесник во сообраќајот.

„Сообраќајниот прекршок „зборување на мобилен телефон“ во последниов период бележи пораст, па во изминатата 2021 година биле процесуирани дури 1.617 вакви прекршоци. Оваа година, од нејзиниот почеток заклучно со крајот на септември санкционирани се 2.128 возачи за користење на мобилен телефон при возење. Како што претходно истакнав, порастот на бројката е резултат на рапидно зголемената активност на полицијата во санкционирањето на непочитувања на сообраќајните правила и прописи.“, ги презентираше официјалните статистики од аспект на полициска работа министерот Спасовски.

Претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Гордана Кожуваровска потенцираше дека според истражување на РСБСП дека на светско ниво 45% од возачите користат мобилен телефон додека возат, а во Република Северна Македонија тој процент е дури 60% од возачите.

„Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Не постои разговор на мобилниот телефон чија важност може да се спореди со пристигнувањето на посакуваната дестинација безбедно и со добро здравје.“, сублимираше Кожуваровска.

„Мобилните телефони во комбинација со управување со моторно возило може да бидат смртоносни алатки. За тебе или за другиот учесник во сообраќајот. Застани, размисли, не брзај, внимавај! Опасностите се на секој агол, статистиките се поразителни! Кога возиш, остави ги за подоцна сите разговори на мобилниот телефон. Заштити се себе си и другите учесници во сообраќајот!“, акцентираше деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски  сложувајќи  се со другите ученици на научниот собир дека ваквите стручни настани и вклучувањето на повеќе различни институции  и на стручните но и на образовните, односно академски средини, можат дополнително да придонесат за разбирањето и решавањето на ваквите негативни феномени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: безбедност во сообраќајМВРСпасовски
Next Post

Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни Фејсбук со 265 милиони евра

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk