ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Имавме силна порака од Штајнмајер, не треба самите да ставаме кочница како опозицијата

November 30, 2022 13:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски ја оцени како исклучително значајна посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, како што вели, со оглед на значењето, на големината на Германија како земја членка на ЕУ, како една од најсилните економии и држава од која зависат голем број на процеси во Европа.

„Ние со Германија имаме исклучително високо ниво на поврзаност од многу аспекти. Германија е наш пријател 31 година, помага во унапредувањето на нашето општество, во голем број на области. Ако ја погледнете нашата економија, таа е најмногу поврзана со германската економија. Голем број на наши сограѓани живеат и работат во Германија и голем дел на девизни дознаки кои доаѓаат од странство се токму од Германија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пред само неколку месеци не можело да се претпостави дека германски претседател во Собранието, низ директен пренос ќе ги цитира и Блаже Конески и Петре М.Андреески и дека јасно ќе каже дека македонскиот јазик и идентитет се добредојдени и очекувани да го збогатат европското семејство и европската култура.

„Таа порака е многу силна за сите пратеници во собранието и ќе повторам дека како што кажа и германскиот претседател не треба самите себе да се кочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ. Сите пратеници во Собранието тоа го должат на граѓаните. Не само на нашата генерација туку и на идните генерации бидејќи генерациите заслужуваат да живеат во европска држава меѓутоа во својата држава – Северна Македонија, а не во некои други држави каде што бараат подобар живот. Мојата порака е дека сите политички партии и сите пратеници во парламентот имаат обврска кон граѓаните да ги носат одлуките кои се пред нас. Со цел што побрзо зачленување во ЕУ. Сметам дека однесувањето на блокада без причина, а сите гледаме дека е без причина бидејќи сите оние инсинуации, шпекулации, невистини кои беа кажувани во текот на мај, јуни, јули па и август дека со прифаќањето на европскиот предлог ќе бил доведен во прашање МК јазик. идентитет и култура се покажаа како апсолутни невистини. Се покажаа како невистини на на најдобар начин и тоа преку потпишувањето на ФРОНТЕКС договорот на чист МК јазик со сите 27 земји членки на ЕУ“, кажа Ковачевски.

Next Post

Ќе можеме да заработуваме од транзит на природен гас, се поврзуваме со Србија и Косово, изјави Ковачевски

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk