СЕП започнува со проектот ,,Поддршка за реформи на политики, пристапување и ефективност (SUPRAE)”, кој во следните три години ќе обезбеди поддршка во процесот на преговори со ЕУ, преку обуки, дигитализација на одредени аспекти и подигнување на јавната свест за улогата на ЕУ и придобивките од истиот, за сите релевантни институции вклучени во преговарачкиот процес, најави заменик претседателот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
„Самиот процес на преговори бара градење на нашите институционални и административни капацитети, но и реализација на планот за реформи. Убеден сум дека спроведувањето на овој проект ќе го направи процесот на пристапување подобро рационализиран, а резултатите очекувам да дадат јасна стратешка рамка со добро дефинирани цели и задачи, како на национално така и на секторско ниво.“ истакна Маричиќ.