ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОЈО поднесе обвинение за насилство сторено од омраза поради сексуалната припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата

November 30, 2022 10:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата.

На наведениот датум, по завршување на „Парада на гордоста“ во Скопје, оштетениот со уште неколку други лица се враќале од ручек на Матка. Кога тргнале да си одат биле забележани од обвинетиот и другите непознати лица, кои ги препознале и започнале да ги навредуваат и да им се закануваат.

Исплашени за нивната безбедност, оштетениот и неговите пријателки се качиле во такси возила и се обиделе да побегнат, но обвинетиот и неговата група со автомобили ги следеле. Такси возилото во кое бил оштетениот било попречено од друг автомобил и било принудено да застане, по што обвинетиот насилно ја отворил предната совозачка врата и физички го нападнал оштетениот, го удрил со бокс и започнал да го тегне за да го извлече од возилото.

На тој начин обвинетиот му нанел телесни повреди на оштетениот – контузија и раздерно-нагмечна рана, а кај останатите сведоци на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, известија од обвинителство.

Tags: ЛГБТ заедницанасилствоОЈО
Next Post

Одбрана го демантира Ковачки: Годинава набавени се 435 илјади литри флаширана вода за Армијата, планирани се уште 635 илјади

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk