ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Поставена интернет платформа со дела на композиторот Љубомир Бранѓолица, содржи и композиции од неговата домашна архива

November 30, 2022 13:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да се зачуваат делата на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, кој ова година наполни 90 години, поставена е интернет платформа (https://ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica), на која се сместени негови дела во дигитална форма.

Идејата на авторот на овој проект, Андреј Блажевски, е евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат, коешто е направено преку процесот “фото-дигитализација“, со цел тие да бидат трајно зачувани, а со тоа и да се отстрани ризикот од нивното евентуално губење, или само-уништување, што подразбира распаѓање на самиот материјал на кој што се напишани, а тоа е хартијата.

„Со изработка на специјалната архива за самиот композитор, како и и поставување на неговите дела на онлајн архивата, тие стануваат достапни за музичката, научната и пошироката јавност, а верувам дека тоа ќе придонесе и за подигање и јакнење на музичката култура кај нас. Во првата фаза на проектот која се одвиваше од 2019 до 2021 година, беа комплетирани и документирани сите дела на самиот композитор, кои што можеа да се пронајдат во неговиот личен архив. Во овој период беа дигитализирани и јавно објавени на онлајн архивот ISSUU (https://issuu.com/andrejblazevski1), вкупно 154 дела, коишто припаѓаат на неговото „класично” творештво. Втората фаза траеше во периодот на 2021 – 2022 година и беа дигитализирани 225 дела, насочени кон неговото вокално творештво, композиции од областа на популарните жанрови и композиции за Биг- Бенд оркестарот.“, вели авторот Андреј Блажевски.

Блажевски објаснува дека секој дигитализиран документ подложел кон понатамошна дигитална обработка.

„За одредени дела кои беа пронајдени во лоша физичка состојба беа употребени дополнителни фото-дигитални техники со цел отчитување на нотографскиот материјал од самиот материјал – (партитура). Севкупниот дигитализиран материјал е предаден на Сојузот на Композитори на Македонија, МАНУ и НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, вели Блажевски.

Од проектот произлезе каталог со список на дела на композиторот Љубомир Бранѓолица, групирани во категории, во зависност од инструменталниот состав (инструментариум) за кои се наменети. Списокот на дела т.е каталогот, можете да го погледнете прикачен на следнава архива. (https://ljubomirbrangjolica.wixsite.com/brangjolica)

„Постојат дела од авторот Бранѓолица, за кои знаеме дека се создадени и изведени, но за сега не успеавме да пронајдеме нотен запис од нив. Оваа интернет архива содржи евидентирани и дигиталиизрани дела кои ги најдовме и се во домашниот архив на композиторот Љубомир Бранѓолица. Во оваа фаза беа вклучени сите податоци кои беа познати, впишани на самата партитура како на пример, автор на текст, година на создавање и тн. За преостанатите податоци и дополнување потребни се дополнителни музиколошки истражувања и анализи, кои верувам дека би резултирале со создавање на еден обединет сеопфатен музиколошки труд за ликот и делото на композиторот Љубомир Бранѓолица, вели Андреј Блажевски.

Проектот е подржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија.

Next Post

Мерките на Владата ги намалуваат цените на храната, додека во цела Европа тие вртоглаво растат

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk