ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија останува на грчката листа со безбедни трети земји за бегалци и мигранти

December 1, 2022 11:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Северна Македонија и Албанија остануваат на листата безбедни трети земја за барателите на меѓународна заштита „кои на грчка територија нелегално влегле од границите со овие две земји“, според Министерството за миграција и азил на Грција во однос на новата, ажурирана годишна класификација на земјите на потекло и транзит за мигрантите и бегалците, јави дописничката на МИА од Атина.

Каталогот се ажурира секоја година и содржи безбедни земји на потекло и безбедни трети земји, а во ланската листа за првпат беа вклучени Северна Македонија и Албанија, нешто што е продолжено и сега со заедничката министерска одлука потпишана од министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитадис Варвициотис,

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштија дека од листата безбедни земји отстранета е Украина поради руската инвазија, а непроменет е статусот на Гана, Сенегал, Того, Гамбија, Мароко, Алжир, Тунис, Грузија, Индија, Ерменија, Пакистан и Бангладеш, кои остануваат безбедни земји на потекло.

-Исто така, останува карактеризирањето на Турција како безбедна трета земја, за барателите на меѓународна заштита, чија земја на потекло е Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Сомалија. Исто така и на Албанија и Северна Македонија, како безбедни трети земји за барателите на меѓународна заштита кои нелегално влегле на грчката територија од нејзините граници со овие земји, соопштија од надлежното Министерство.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис рече дека „класификацијата на земјите како безбедни земји на потекло и транзит е основна обврска на земјата, во рамките на европското законодавство и поддржува спроведување на строга, но правична миграциска политика“ и обезбедува доделување азил на оние на кои навистина им е потребен и имаат право на тоа.

Next Post

Пендаровски: Со квалитетни реформи да се запрат негативните трендови во областа на владеењето на правото

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk