ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УКИМ ги охрабрува сите засегнати од сексуално вознемирување да го пријават истото

December 1, 2022 11:15
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО

Темата за сексуалното вознемирување, иако повеќе како табу тема, постои како проблем во секој аспект од нашето опкружување, но за осуда на таквите појави, мора првенствено соодветно да бидат пријавени, велат за „Локално“ од УКИМ за резултатите од истражувањето спроведено од студентите на Меѓународните интеркултурни студии во соработка со здружението Младински мировен хаб и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.

Според институцијата, УКИМ обезбедува максимална заштита на своите студенти и вработени, со цел каков било тип на вознемирување воопшто да не се случува и токму затоа, сексуалното вознемирување е внесено во нашиот нов Етички кодекс и секоја негова форма е најстрого осудена и казнива.

-Ги охрабруваме сите кои се засегнати од каква било форма на сексуално вознемирување, да го пријават истото, со цел да се преземат соодветни мерки. Дополнително, на УКИМ има лица за прием на пријави од укажувачи, кои може да се однесуваат и на сознанија за извршени неетички дела, понатаму овластени лица за прием на пријави за корупција и овластени лица за претставки и предлози, ни соопштија од таму.

Додаваат од УКИМ деа на сите засегнати, во обид за најбрзо и најсоодветно решавање на ваквите проблеми, им гарантира доверливост и безбедност и ги охрабрува своите студенти да пријават каква било форма на вознемирување до надлежните тела на нашата институција.

Ова следува откако истражувањето покажа дека еден од пет студенти или 21,3 отсто биле во ситуација професор/ка да им се обрати со прекар како „девојче“, „злато“, „кукле“, „маче“. Еден од четири студенти или 26,2 отсто, пак, биле сведоци на споделување сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи од страна на професор/ка, а на 15,6 проценти од студентите им било даден коментар за нивниот физички изглед.

Повеќе од половина или 51,8 отсто од студентите одговориле дека УКИМ „не ги штити“ и „воопшто не ги штити“ студентите од сексуално вознемирување.

-Многу сум скептична во однос на методолошката поставеност на тоа истражување. Тоа е голем процент и јас сум била студентка на овој универзитет и никогаш не сум била сведок на такво нешто. Можам од спротивната страна да зборувам за делот од нашиот менталитет и пристојноста на облекувањето на одредени студенти. Ние воопшто не сме ригорозни во однос на тоа, неодамна изјави професорка од УКИМ за „Локално“ која сакаше да остане анонимна.

Таа потенцира дека е изненадена од резултатите од истражувањето.

-Истражувањето доаѓа од самиот универзитет. Не можам да го коментирам бидејќи не знам какви биле прашањата и како било спроведувано. Малку ми се вознемирувачки процентите на состојбите. Кога би било перфектно тоа истражување, јас на тоа би гледала како на општествен проблем, а не на проблем на УКИМ, оценува професорката.

Н.П.

Извор: Локално

Tags: образованиесексуално вознемирувањеУКИМ
Next Post

Северна Македонија останува на грчката листа со безбедни трети земји за бегалци и мигранти

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk