Министерството за внатрешни работи информира дека околу 07 и 30 часот утрово, во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Исто така денеска околу 11 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека за вчерашните дојави за бомби во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Петар Поп Арсов“, се утврдило дека се лажни.
Во текот на вчерашниот ден, освен во двете основни училишта, имаше дојава за бомба и во осум училишта за средно образование во Скопје, деветта по ред. Директорите на училишттата со кои поразговаравме, рекоа дека веднаш ги евакуирале учениците и вработените. Во осмата дојава за бомба, карактеристично беше тоа што испраќачот во мејлот бараше поткуп. Првата дојава се случи на 26 октомври, кога пет училишта експресно се испразнија заради мејл со закана испратен од извесна „Нова ера“.
Откако се случија лажните дојави и губењето настава, училишните раководства чекаа насоки од МОН за тоа како да се одработи и надомести пропуштеното. Одговорните во МОН истратија соопштение во кое им наложија на училиштата да најдат начин и да ги одработат пропуштените часови до крајот на првото полугодие, односно до Нова година.
Извор: Мета