ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градот е во хаос, а скопјани мува не ги лази

December 6, 2022 11:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува. ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Ленин Јовановски неколку дена со своите автобуси го блокира градот, поради што скопјани не можат на време ниту на работа да појдат, родителите децата на школо да ги однесат, а болните не само од Скопје туку и од другите градови, никако да стигнат до здравствените установи на закажаните термини.

Се губат дневници, следуваат казни, а скопјани како мува да не ги лази. Си возат по два саати до работа и си молчат.

Од анкетите што ги прават некои медиуми, не се гледа некоја нервоза или револт, напротив повеќето бистрат политика и фаќаат страна. Свесно или несвесно одработуваат политичка агенда на партија која е сè уште на власт во главниот град и која наместо да им го реши проблемот, стои на страната на приватните превозници, насочувајќи ја сета нервоза кон Данела Арсовска, со која се скараа.

И „товариш“ Ленин, колку и да се оградува во изјавите, се гледа за кого „вози“ со блокадите низ градот.

„Ова не е бавча на градоначалничката Арсовска, па си ја работи како сака. Таа треба да постапува законски и според одлуките на Совет на Град Скопје. Не можат граѓаните да ги критикуваат приватните превозници. Треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тој е кај градоначалничката“, посочува Јовановски.

Дека станува збор за политичка игра говори и фактот што од блокадите и протестите на автобуските приватни превозници никој не е засегнат, освен граѓаните.

Имено, градоначалничката против која превозниците се бунат, не е блокирана. Не е блокиран ниту ЈСП, а со тоа ниту долгот.

Блокирани се скопјани.

Освен градоначалничката, втора страна на ударот треба да се најде и Владата која се повикува да го реши проблемот, а која според некои медиуми тактизира и го зголемува револтот кај граѓаните.

„Не, напротив, нам не ни одговара револтот, овој револт е против Владата“, смета министерот за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, кој додава:

„Тој револт се крева за да послужи на парламентарните и претседателските избори, што значи на удар е Владата“.

Пенов во интервју за Сител вели дека проблемот со приватните превозници треба да го реши Советот на градот заедно со градоначалничката:

„ВМРО-ДПМНЕ раководи со Советот и како што пред еден месец изнајдоа решение како да го платат долгот кон ЈСП од два милиона евра и денес може советот да свика седница и да и наложи на градоначалничката од одредена ставка на буџетот да го исплати долгот. Но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прави.“

Со блокадите приватните превозници не само што не го добиваат долгот, туку општата штета што ја прават секој ден е многу поголема, со потрошениот бензин на граѓаните, со изгубените дневници, со казните и доцнењето на работа и штетата врз бизнисот.

На крајот на краиштата и онака градоначалничката ги исклучи од договорот и Слобода превоз и Макекспрес и тие де факто не возат веќе за градот.

Инаку за потсетување, меѓу поддржувачите на Данела за кандидат за градоначалник тогаш беше и Ленин Јовановски, сопственикот на Слобода превоз:

„Ние како приватни превозници, а не има од сите етникуми , политички партии и партиски неопределени ја поддржавме програмата за сообраќај на кандидатот за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска“.

Сега ја обвинува за уличарско однесување.

Но сето ова се случува откако Данела обвини за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицковски веднаш и раскина по само една година заедно:

„Со Данела Арсовска тргнавме по различни патишта“, рече тој.

А се сеќавате ли како ја почнаа врската, колку убави зборови си „тепаа“ еден за друг.

„На нашата прва средба со Данела Арсовска, во неа препознав исклучително мотивиран и храбар лик, којшто е подготвен да се фати во костец со проблемите и да ги решава, изјавуваше тогаш Мицковски.

Секако, во таа интензивна политичка врска ниту Данела не му остана должна на Мицковски заблагодарувајќи му за поддршката на нејзината кандидатура за градоначалник на Скопје.

„Ме охрабрува тоа што ја препозна искрената визија и концепт за подобар живот на скопјани“ велеше Данела.

И народот се радуваше. Се пееше по улиците со „Бела чао“, а на социјалните мрежи скопјани ја величеа Данела:

„Честитки Данела, Браво Данела, Со среќа за поубаво Скопје, Ти си мајка на Скопје, Со среќа за поубаво Скопје…

Имаше и вакви: „ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш ги препознава работливите, чесните и совесните луѓе со современи идеи“,

или: „Познавајќи го карактерот и џентлменството на Христијан и неговите соработници оваа конекција меѓу Тебе и Христијан е новиот пат за спас на Македонија.“..

Помудрите уште тогаш реагираа: „Ако вие Данела губите, тие од ВМРО ќе речат кандидатот не беше од ВМРО туку независен. Знаат да играат опасна улога тие.“


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: Данела АрсовскаЛенин ЈовановскиРисто ПеновСкопјесообраќаен хаос
Next Post

Тренчевска: Време е да посветиме многу повеќе внимание на младите, да не заминуваат од државата

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk