ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Само преку регионална соработка можеме да успееме во воспоставување на родовата еднаквост

December 6, 2022 14:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин, Заменик амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Луциен Аегертер и Раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред присуствуваа на регионалната конференција, Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот. Конференцијата е во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со UN Women Скопје со поддршката од Швајцарија и Шведска.

На почетокот министерката Тренчевска се заблагодари на сите присутни од регионот, партнерите и меѓународните организации и истакна дека само преку взаемна  соработка може да има напредок на полето на родова еднаквост преку размена на добри пракси и предизвици.

„Владиниот механизам кој што се наоѓа во Министерството за труд и социјална политика, Секторот за еднакви можности е еден од најзаслужните за унапредување на родовата еднаквост во државата како  и за координација на активностите на останатите  министерства и едниците на локална самоуправа во однос на спроведување на родово буџетски иницијативи.  Досега имаме пилотирано родово одговорно буџетирање во 13 ресорни министерства и 3 државни агенции со континуирано стручно менторство обезбедено од UN Women “ истакна Тренчевска во своето обраќање.

Во своето обраќање Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин ја истакна родовата еднаквост како човеково право.

„ Наша одговорност е секогаш да се потсетуваме дека родовата еднаквост е човеково право. Овозможувањето на средина за учество на сите жени и мажи, девојчиња и момчиња, не е привилегија која што треба да биде уживана, туку е основно човеково право, кон коешто сите треба да дадеме придонес и да го поддржиме. На овој начин можеме да стимулираме напредок во нашите земји, позитивни промени во општеството и во животот на луѓето. Родовата еднаквост е исто така прашање на демократија, прашање на правда и прашање на економско зајакнување“ рече Амбасадорката на Шведска.

Заменик Амбасадорот на Швајцарија пак се осврна на креирањето на политики и посочи дека Швајцарија останува партнер во поддршката за креирањето на родово одговорни политики. Во неговото излагање рече дека силно верувам дека ова е паметен и вистински пристап за постигнување подобри социо-економски резултати во општеството како целина.

Раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија Весна Ивановиќ Кастаред во своето обраќање пак истакна дека само преку длабински промени може да има поголем и побрз напредок.

„Остварувањето на глобалните цели е можно само со земање предвид на потребите и на жените и на мажите и само со темелно справување со причините кои ја создаваат нееднаквоста во нашите општества. Ако сите  чинители кои се дел од процесот на планирање и усвојување политики започнат по автоматизам да размислуваат за родовата компонента, тоа ќе се рефлектира и пошироко во општеството, односно во колективната свест. А само со такви, длабински промени може да очекуваме помалку дискриминација и насилство, и поголем и побрз напредок“ рече Раководителката.

Регионалната конференција ќе се одржува два дена. На неа ќе се обратат релевантни чинители од регионот кои како приоритет ја земаат родовата еднаквост во нивната работа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk