ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Полиграф“: Дезинформација се тврдењата дека Русија не напаѓа цивили и цивилни објекти во Украина

December 7, 2022 14:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На 24.11.2022 повеќе портали објавија тврдење на портпаролот на Путин, Песков, дека Русија не напаѓа цивилни објекти во Украина. И Амбасадата на Русија истиот ден објави лажно тврдење дека „Немаше и нема удари врз социјалните објекти.“

Руската Амбасада го пренесе и говорот на Постојаниот претставник на Русија во ОН, кој тврдеше: „Оштетувањата на станбените згради и жртвите меѓу цивилното население навистина се случуваат по вина на украинската воздушна одбрана…“

Не е првпат руските претставници да негираат напади врз цивили и цивилни објекти. И рускиот амбасадор Баздникин на 9.03.2022, во гостување на ТВ Сител ги негираше снимките кои потврдуваат такви напади:

Баздникин: „Ние правиме се за да спречиме какви било цивилни жртви. На почетокот на специјалната воена операција руското раководство даде јасна и недвосмислена наредба да не се напаѓаат населени места и цивилни инфраструктурни објекти“.

Новинар: Ама се напаѓаат, гледаме снимки“.

Како што укажа и новинарот на Сител, уште тогаш јавноста беше сведок на бројни снимки кои потврдуваа дека Русија врши напади и врз цивили и цивилни објекти во Украина.

И ОН , откако започна вооружениот напад врз Украина, до 28 ноември 2022 регистрираа над 17.000 цивилни жртви и над 6.600 убиени.

ОН констатираат и дека најголем дел од цивилните жртви се предизвикани од напади на цивилни објекти. На пример, на 10 октомври генералниот секретар на ОН Гутереш изрази длабок шок од масовните напади на Руската федерација врз повеќе градови, кои причинија големи штети во цивилни подрачја и доведоа до смрт и повреди на десетици луѓе.

И на 11.10.2022 ОН потврди дека дел од руските напади се врз цивили и „критична цивилна инфраструктура“ и дека се спротивни на меѓународното право.

Освен тоа, портпаролката на ОН за човекови права Равина Шамсадани нагласи дека намерно насочување напади врз цивили и цивилни објекти, односно објекти кои не се воени цели, претставува воено злосторство“.

И претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лaјен, на 19.10.2022 истакна дека руските напади против цивилната инфраструктура, особено електричната енергија, се „воени злосторства“.

Дури и руската пропагандистка и уредничка на РТ Симоњан, неодамна призна дека Русија секојдневно бомбардира инфраструктура во Украина:

Симонјан: „Тие се подготвуваат да го опколат нашиот Крим и ние го правиме единственото што го можеме – ние бомбардираме, бомбардираме, инфраструктура секој ден…“

Навистина, има премногу докази дека Русија секојдневно бомбардира цивилна инфраструктура. Затоа, тврдењата дека Русија не напаѓа цивили и цивилни објекти во Украина – ги оценуваме како дезинформации.

(Полиграф е ТВ Емисија реализирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА и ТВ Алсат)

Извор: ima.mk

Next Post

Столтенберг: Русија се обидува да ги замрзне борбите во Украина пред пролетна офанзива

НАЈНОВО

Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија

October 23, 2025
Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

October 23, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk