ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

December 8, 2022 09:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии“, што синоќа се одржа во Рим, во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“, во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи.
Грковска нагласи дека доколку имаме стабилни институции кои се транспарентни, ефикасни, професионални и отпорни на политичко влијание, но и правосуден систем отпорен на политичко влијание, тогаш ќе може многу полесно да се соочиме со сите предизвици на кои наидуваме, независно дали се надворешни или внатрешни.

-Во однос на напредокот на Република Северна Македонија морам да нагласам дека во последните пет години постигнавме многу. Од заробена држава станавме високо признаен и ценет меѓународен партнер, станавме земја членка на НАТО, ги почнуваме преговорите со Европска Унија. Но тоа сепак не е доволно. Имаме уште многу работа пред нас, доколку сакаме да изградиме стабилен и одржлив систем, посочи Грковска.

На панелот, како што информираат од Кабинетот на Грковска, се разговараше и за меѓусоседските односи во регионот на Западен Балкан, при што вицепремиерката истакна дека на регионот и на Европа им требаат сојузништва меѓу прогресивните и луѓето со интегритет, кои се посветени да направат позитивни промени. Важно е, рече таа, да правиме сојузништва со граѓанското општество, со независните институции, бидејќи само така може да се оди напред.

-Популизмот е најштетното нешто за една демократија. Лесно е да си политичар и да го кажуваш само тоа што граѓаните сакаат да го чујат. Треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат и да ги спроведеш вистинските реформи, потенцираше Грковска.

На панелот се отвори дискусија и за дезинформациите како општествен проблем, при што вицепремиерката Грковска истакна дека е многу важно кај сите да се развива критичкиот ум, а особено кај учениците.

Tags: ГрковскадемократијаНАТОпопулизам
Next Post

САД донесе резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk