ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Со прогресивна визија и план Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ

December 8, 2022 20:59
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бојан Маричиќ, заедно со лидерот Димитар Ковачевски и потпретседателката, Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваа на Самитот на лидери од Западен Балкан и Групата на социјалисти и демократи (S&D) во Европскиот парламент, информираат од СДСМ.

Како што нагласуваат, денеска во Виена, Групата на социјалисти и демократи (S&D) во Европскиот Парламент ги обедини сите прогресивни лидери од регионот и ЕУ  и низ плодна дискусија направи тековен преглед и анализа на случувањата во Европа, од кои произлезе јасна порака дека пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ бара напори и силна заложба за  процесот на проширување на ЕУ да се активира.

Проширувањето сѐ уште е најуспешната политика на ЕУ и инвестиција во стабилноста и просперитетот на европскиот континент, но тоа треба да се потврди со интеграцијата на земјите од Западен Балкан, вели Маричиќ.

Самитот беше насловен „Проширување за Западен Балкан СЕГА – за граѓански, демократски и мирољубиви општества“ ги обедини на едно место лидерите на прогресивните левичарски партии од Југоисточна Европа, како и раководството на парламентарната група на Партијата на европските социјалисти во Европскиот парламент.

Лидерите од Западен Балкан истакнаа дека очекуваат проширувањето да се базира на реформски евроентузијазам и ќе биде веродостоен и предвидлив, а пред сѐ фер.

Маричиќ од Самитот вели дека со социјалдемoкратите од регионот и ЕУ ќе работат на забрзување на евроинтеграцијата на регионот и дека ќе успеат во тоа.

Друга тема на која лидерите и европратениците разменија мислења е соработката на прогресивните сили во справувањето со предизвиците кои ги предизвика руската агресија врз Украина.

Заедно, преку блиска соработка со нашите партнери, групата S&D, ќе продолжиме да работиме на градење на заедничка прогресивна перспектива за ЕУ и предизвиците кои ги наметна новата геополитичка ситуација, рече Маричиќ.

На крајот од Самитот беше организирано потпишување на заедничка Декларација со која лидерите ќе се заложат за интензивирање на соработката што ќе придонесе за побрзо членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Со потпишување на политичката Декларација на Самитот на Групата на социјалисти и демократи и лидерите од Западен Балкан, поставуваме јасна и предвидлива агенда за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, посочува Маричиќ.

Според секретарот за меѓународна соработка, Маричиќ, социјалдемократите од регионот делат исти вредности со европските социјалдемократи, кои се поттик заеднички да дејствуваат и да соработуваат за реализација на членството во ЕУ, како најдобра опција за реформирање и подобрување на општеството и животот на граѓани.

Следниот период мора да се продолжи по ова позитивна траекторија и се движиме напред. Сега е клучно да се задржи политичкиот моментум, посочува Маричиќ, додавајќи дека и во пристапните преговори со ЕУ, можеме и понатаму да сметаме на силната поддршка на социјалдемократска група во Европскиот парламент.

Лидерот на СДСМ, Ковачевски, беше еден од панелистите на тема „Иднината на проширувањето на Европската унија во светло на заклучоците од Самитот во Тирана“, заедно со лидерите од регионот, Џукановиќ, Курти, Коњевиќ, Никшиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: S&DБојан МаричиќВиенаСДСМ
Next Post

Претседателот на македонските писатели и Македонците во Србија го чествуваа Свети Климент Охридски во Белград

НАЈНОВО

AI generated image

Северна Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“ со поддршка од ЕУ

October 14, 2025
Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

October 14, 2025

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk