ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Париз и Берлин ја осудија егзекуцијата на учесник во демонстрациите во Иран

December 8, 2022 15:25
in ДЕНЕС, СВЕТ

Презирот на иранските власти кон човештвото е неограничен, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок реагирајќи на егзекуцијата на учесник во демонстрациите што го тресат Иран.

Маж осуден за повреда на припадник на паравоени сили за време на протестите во Иран, беше егзекутиран утрово во Техеран. Тоа беше прво извршување на смртна казна на осуден учесник во протестите.

Мохсен Шекари е „осуден и погубен во рамките на подмолно и брзо судење бидејќи не се согласуваше со режимот“, напиша Бербок на Твитер.

– Сепак, заканата со егзекуција нема да ја смири желбата на луѓето за слобода, додаде таа.

Франција, исто така, изрази „силна осуда“ по егзекуцијата во Иран на мажот обвинет за ранување на член на паравоена група.

– Оваа егзекуција се додава на други тешки и неприфатливи прекршувања, рече портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан Клер Лежандре.

Тримесечните антивладини демонстрации на кои интервенираа иранските безбедносни сили беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Иран.

Во меѓувреме, демонстрациите се претворија во повици за соборување на верските владетели во Иран и претставуваат еден од најсериозните предизвици за иранските власти од револуцијата во 1979 година.

Револуционерниот суд на Иран редовно изрекува смртни казни. Судот е основан по исламската револуција во 1979 година

Tags: берлинИранпариз
Next Post
Јован Деспотовски. Фото: Дехран Муратов

(ВИДЕО) Интервју со Деспотовски: 2022-та рекордна во историјата на ТИРЗ во странски инвестиции и нови вработувања

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk